Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Членка сме на ОН, а на добар пат сме да станеме членка и на ЕУ
Македонија

Заев: Членка сме на ОН, а на добар пат сме да станеме членка и на ЕУ

април 9, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Со членството во ОН нашата држава се етаблираше на меѓународна сцена, како самостојна и независна држава, еднаква во меѓународното семејство на народи. Во изминатите 28 години поминавме многу предизвикувачки моменти и премрежија кои бараа храбри одлуки. Со мудро лидерство, разумни политики и обединетост сите успеси ги постигнавме откако станавме членка на ОН. Да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти да ја направиме заканата од коронавирусот да биде минато со одговорно однесување на сите.“

Ова го порача премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук по повод одбележување на 28 години од приемот на нашата држава во Организацијата на Обединетите нации (ООН) под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

„Денес одбележуваме 28 години полноправно членство во Обединетите нации како Република Северна Македонија. Со членството во ОН нашата држава се етаблираше на меѓународна сцена, како самостојна и независна држава, еднаква во меѓународното семејство на народи. Во говорот во ОН на овој ден во 1993 година, претседателот Глигоров ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика, на кои и денес сме посветени и кои неуморно ги реализираме. Тие темели се цврсти и непроменети и денес и се базираат на Повелбата на Обединетите нации во која од секоја земја се очекува да учествува во јакнењето на меѓународниот мир и безбедност, развивањето на економската соработка и заштита на човековите права, како предуслови за побезбеден и праведен свет за
сите“, напиша Заев.

Почитувајќи ги овие принципи во сите изминати години Северна Македонија, наведува тој, го даваше својот придонес во решавањето на меѓународните конфликти во согласност со резолуциите на Советот за безбедност, во интерес на мирот и на безбедноста.

„И денес, кога сме 30-та земја членка на НАТО, рамноправно продолжуваме да учествуваме во одржување на безбедноста и мирот во светот заедно со нашите сојузници во најмоќната политичка и воена алијанса во историјата на човештвото. Поставивме пример за другите дека со дипломатија и дијалог, со разбирање и толеранција, можат да се решат најгорливите прашања и да се добијат нови пријатели и сојузници. Активно ја поддржуваме и развиваме регионалната соработка за да биде во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани во нашиот регион“, посочува Заев.

Во својот говор во ОН поранешниот претседател Глигоров, како што додава Заев, ја посочи и втората цел: „Република Македонија како европска држава се стреми да стане член на Заедницата на европските народи“.

Во октомври минатата година, потсети премиерот, ЕУ донесе безусловна препорака Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во Унијата. На добар пат сме, оценува Заев, да ја оствариме и оваа стратешка цел од интерес за добробитта на сите наши граѓани.

„Во изминатите 28 години поминавме многу предизвикувачки моменти и премрежија кои бараа храбри одлуки. Беа неопходни мудро лидерство, разумни политики и обединетост за сите успеси ги постигнавме откако станавме членка на ОН. Да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти. И ова ќе го поминеме. Да веруваме во нашите капацитети и способности. Да ја направиме заканата од коронавирусот да биде минато со одговорно однесување на сите, со професионалноста на нашите институции и со солидарноста на нашиот народ“, стои на фејсбук статусот на премиерот Зоран Заев.

На 8 април, во 1993 година нашата држава беше примена во Организацијата на Обединетите нации под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

актуелно Зоран Заев киро глигоров македонија Обединети Нации
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.