Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Ѕидовите го попречуваат излезот, мостовите отвораат опции
Македонија

Заев: Ѕидовите го попречуваат излезот, мостовите отвораат опции

октомври 9, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Влада на Република Македонија Зоран Заев денеска, учествуваше на дискусијата на Форумот за граѓанско општество во Берлинскиот процес на тема „Мостови или ѕидови? Македонија и Западниот Балкан во Европа“ организирана од страна на Фондацијата Фридрих Еберт. На оваа дискусија учествуваше Јанис Армаколас универзитетски професор и член на најпознатиот тинк-тенк „ЕЛИАМЕП“ од Грција.

Во своето обраќање за време на дискусијата премиерот Заев рече дека мостовите отвораат перспективи.

„И Западниот Балкан, но и многу други региони во светот се познати по ѕидовите. Ретко е, да се градат мостови. Јас верувам дека модерната политика, овде, на Западниот Балкан, современа Европа, сè повеќе станува свесна, во делот на потребата, служејќи им на граѓаните, да се градат мостови, затоа што мостовите отвораат перспективи. Само преку мостови, можеме да видиме што има од другата страна и сето тоа да отвора бескрајни можности за нашите граѓани.

Граѓанските организации се будни следачи, односно посматрачи и коректори на состојбите во секоја земја, така и во Европа. Верувам, дека ние политичарите, можеме многу да научиме од нив, можеме многу да поправиме и можеме многу  што да следиме од граѓанските организации, кои што барем во Македонија важат за сериозни организации, со висока експертиза, во она што значи димензионирање на иднината на граѓаните и на општеството“, нагласи премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во своето обраќање за време на дискусијата истакна дека Република Македонија изгради многу клучни мостови во текот на една година и дека политичарите се тие кои во име на граѓаните одлучуваат за иднината на оваа земја.

„Верувам дека мотивацијата насекаде во Западен Балкан е сè поголема да се изнајдат решенија, сè поголема е да се градат мостови,  и сè поголема е внатрешно да се реформираме. Колку таа мотивација ќе биде посилна, толку и во побрзо темпо ќе се одвиваат овие позитивни процеси кои што постојат овде на Западен Балкан. Мене ми е драго што нашата Македонија има еден пријател повеќе, кој и те како може да ни помогне“, истакна премиерот Заев на Форумот за граѓанско општество во Берлинскиот процес на тема „Мостови или ѕидови? Македонија и Западниот Балкан во Европа“, и додаде дека „граѓаните имаат право, да остават, политичарите кои што се избрани од нив, како поинформирани, да ги носат одлуките за нив. Затоа што кога доаѓаат тешките прашања, тогаш треба лидерите и политичарите да го подадат грбот и да ги носат одлуките“.

Во текот на дискусијата премиерот Заев напомена дека Македонија и внатрешно во државата секојдневно гради мостови, како дел од концептот „Едно општество“

„Едно општество за сите е концептот кој што го градиме и тој има сериозен успех и имаме многу обврски понатаму ова не е заради законот за јазици ова е заради секојдневието наше кое што го покажуваме, ова е заради секојдневните права, дури и правото на социјална помош или правото на детенце да учи музичко школо или правото на некој возрасен човек да добие пензија иако нема 15 години стаж па нема да го доживее животот до крајот. Тоа се човечки права кои што мора да бидат еднакви, тоа се на крајот европската декларација или резолуција за еднаквост за еднакви права и слично, тоа се вредностите кои сакаме да ги имаме овде во Македонија и на крајот на тој начин ја носиме Европа дома верувајќи во такви вредности имплементирајќи ги овде.

Македонија е одличен модел на мултиетничко општество и навистина е редок пример, има и други земји една е Босна и Херцеговина којашто може да продолжи да биде само позитивен пример“, потенцираше Претседателот на Владата на РМ Заев за време на дискусијата на Форумот за граѓанско општество во Берлинскиот процес на тема „Мостови или ѕидови? Македонија и Западниот Балкан во Европа“ организирана од страна на Фондацијата Фридрих Еберт.

актуелно граѓанско општество дискусија Европа Заев македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.