Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Ќе инвестираме во спортот и ќе го вратиме на спортските работници
Македонија

Заев: Ќе инвестираме во спортот и ќе го вратиме на спортските работници

декември 27, 2017Updated:декември 27, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев синоќа присуствуваше на присуствуваше на свеченоста по повод избор на спортист на годината. Стратешка цел на Владата, според него, во спортот е да се зголемат средствата за спорт и да се гарантира и брани неговата самостојност и развој.

Заев, цитирајќи го НБА кошаркарот Мајкл Џордан, рече дека спортот, исто како и животот, е полн со предизвици и постојано дава нови шанси.

„И животот, како и спортот е полн со предизвици и дава шанси, одново и одново, за шут, за погодок, за успех, нели? Успех е, да: топката во кошот, во голот, стрелата во целта. Но, уште поголем успех е желбата, волјата, истрајноста, вложени во тој напор, што води до моментот на тој, кош, гол, погодок. И не помал успех е и подадената топка, препознаената шанса дека тогаш кога некој од нас не може, некој друг до нас може, рече Заев.

Според премиерот, спортските лекции се животни лекции, а спортските искуства се животни искуства.

Оддаде почит, како што кажа, на успесите на спортистите, тренерите…со кои тие не прават среќни и горди, но со нивните заложби го обединуваат, поттикнуваат народот и го охрабруваат да верува дека победите се можни.

Заев рече дека ги уверува спортистите дека спортот ќе биде вратен на спортските работници.

„Владата на Република Македонија, заедно со Агенцијата за млади и спорт ќе овозможи и нови места и поголем простор и повеќе средства, за нови спортисти и рекреативци, рече премиерот.

Преку проектот училиштен спорт, започнат во октомври, според него, е зголемен за 20 проценти бројот на деца кои спортуваат и се рекреираат.

„Од почетокот на 2018 година почнуваме и со Олимписка програма која ќе има за цел поддршка на одреден број спортисти кои ќе можат да остварат норма за Олимписките игри во 2020-та година во Токио. Програмата ќе трае до Олимписките игри и ќе ги покрие сите трошоци на спортистите во индивидуалниот спорт, за подготовките, рече Заев.

Почната е изградба на нови училишни базени во 12 најголеми општини. Отпочнати се процедури за враќање четири сали на федерациите, преку инвестирање во младинските клупски категории во 2018 година ќе им се помогне на над 240 младински клубови, најдобри во своите категории, да продолжат да го унапредуваат младинскиот спорт.

„Ќе го исполниме нашето ветување за нов Закон за спорт, со што ќе им се обезбеди статус на дејноста спорт и спортистите во нашата земја, стабилни извори за финансирање на дејноста спорт од централниот и локалниот Буџет, како и можност за директна поддршка на спортот со средства од економијата во текот на 2018 година. Ќе ги воведеме ваучерите за реализацијата на намената делот од данокот на добивка за сите спортски клубови и федерации во Македонија, рече премиерот.

Ќе се воведе и Фондот за спорт, а идната година ќе отпочне постапката за изградба и на домот на спортот.

„Националните спортски федерации ја имаат поддршката на Владата во обезбедувањето материјални, функционални, просторни и кадровски услови за работа. Исто така и во креирањето современ национален систем на натпревари и организирање, во којшто приоритет е интересот и потребата на младите и на граѓаните на Република Македонија да спортуваат, рече премиерот.

актуелно влада македонија народ спорт Токио
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.