Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Започнува првата фаза од отворањето на грчкиот туризам
СВЕТ

Започнува првата фаза од отворањето на грчкиот туризам

јуни 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Од денеска започнува првата фаза од отворањето на грчкиот туризам, но само за посетители од одредени земји и само кон атинскиот и солунскиот аеродром, додека пак во втората фаза, на 1 јули ќе бидат укинати сите забрани и рестрикции и ќе бидат отворени сите аеродроми во Грција, како и дел од копнените граници со Северна Македонија и Албанија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, освен делумното отворање на туризмот, денеска во Грција има и дополнително укинување на рестриктивните мерки и забраните за работа, па така одново почнуваат со работа сезонските туристички објекти, музеите, фитнес центри и спа центрите.

Освен земјите што се на листата на Европската организација за безбедно воздухопловство, од денеска, дозволени се и летови од/кон Италија, Шпанија и Холандија, а забраната продолжува да важи за Северна Македонија, Албанија, Турција и Велика Британија.

За периодот меѓу двете фази, односно до 1 јули, за туристите кои ќе пристигнат во Грција од аеродромите што не се на листата на Европската организација за безбедно воздухопловство, предвидени се тестирања по случаен избор, додека пак за патници од Италија, Холандија и Шпанија, тестот е задолжителен.

Работата на атинскиот аеродром, воопшто не беше прекината поради Ковид-19, но сите патници беа тестирани и префрлани во државен карантин.

А аеродромот во Солун, денеска повторно е отворен по тримесечна пауза.

Во текот на денешниот ден, планирано е во Атина да пристигнат патници од Кипар, Холандија, Франција, Катар, Италија, Австрија, Швајцарија, Германија, Унгарија, Србија, Бугарија, додека пак во Солун од Германија и Кипар.

На аеродромите и во авионите задолжена е употребата на маска, како за туристите, така и за персоналот.

Од 1 јули, ќе бидат отворени аеродромите во цела Грција, ќе се отворат седум гранични премини, а од бродовите што доаѓаат на крстарење, дозволен ќе биде влез на туристи од шест грчки пристаништа.

Тогаш сите туристи, ќе треба да имаат пополнет формулар (Passenger Load factor) со податоци за нивните контакти во Грција, ќе се спроведуваат тестови по случаен избор, а евентуалните позитивни случаи ќе бидат 14 дена во карантин и сместени во хотел-карантин.

Македонските туристи од 1 јули ќе можат да патуваат во Грција, но
само преку преминот Евзони (Богородица)

Во следните две седмици, заклучно со 30 јуни, ќе бидат дозволени летови и од Северна Македонија и Албанија, но само за конкретни цели, а не и за туристи и само кон атинскиот аеродром.

На аеродромот во Солун не се дозволени летови ниту од нашата земја, ниту од Албанија.

Доколку се биде во ред, копнените граници со Северна Македонија и Албанија, Грција ќе ги отвори на 1 јули, а не денеска, како што првично беше најавено, додека пак ќе функционираат само неколку гранични премини, од кои само Евзони (Богородица) кон нашата земја.

Во периодот до 30 јуни 2020 година, по копнен пат дозволени се само апсолутно неопходните службени патувања, а отворена е границата со Бугарија.

Од грчкиот остров Санторини симболично најавен почетокот на
туристичката сезона во Грција

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како што веќе објави МИА, преку прес конференцијата наменета исклучиво за странските дописници во Грција, во саботата вечерта од островот Санторини, симболично го означи стартот на туристичката сезона.

Акцентот го стави на тоа дека Грција е безбедна дестинација, а приоритет е гарантирањето на безбедноста и здравјето на сите туристи.

„Не ме интересира Грција да биде број еден дестинација во Европа, ме интересира Грција да биде најбезбедна дестинација во Европа“, порача грчкиот премиер.

Кирјакос Мицотакис од Санторини, објасни дека земјата е подготвена за сите сценарија, во случај да се појави Ковид-19 кај некој од посетителите, но потенцираше дека нема да биде потребно во Грција да се воведе целосна карантина и целосна забрана за движење и повтори дека од 1 јули земјата ќе биде отворен за сите посетители, без додатни рестрикции и само со тестови по случаен избор.

За „рестартот“ на грчкиот туризам, говореше и надлежниот министер, исто така од Санторини.

Министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис на прес конференцијата рече дека „на милиони туристи им го враќаат правото за грчко лето“ и ја истакна важноста на заштитата на здравјето на туристите и вработените во туризмот.

„Како министер за туризам, а главно како грчки граѓанин, е голема чест за мене и сум длабоко трогнат што сум дел од овој национален напор. Но, чувствувам и уште поголема одговорност за она што го започнуваме денес. Навистина, ова е историски момент. Од Санторини повторно го отвораме грчкиот туризам, со апсолутна безбедност за туристите, вработените, бизнисмените, за секое лице инволвирано во туристичкиот сектор“, рече Теохарис на вчерашната прес конференција.

Освен дозволата за летови од и кон Солун и Атина, денеска се отвораат и сезонските туристички објекти, за кои ќе важат конкретни здравствени протоколи за работа, исто како и за хотелите што отворија на почетокот на месецов.

актуелно грчки туризам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.