Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Захарива им честита на Димитров и Османи, очекува да продолжи спроведувањето на Договорот за пријателство
Македонија

Захарива им честита на Димитров и Османи, очекува да продолжи спроведувањето на Договорот за пријателство

август 31, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева испрати честитки до новоименуваниот вицепремиер за европски прашања на Северна
Македонија Никола Димитров и до новиот министер за надворешни работи Бујар Османи, соопшти бугарското МНР.

Захариева во честитките истакнува дека Бугарија и натаму ќе ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и очекува да продолжи билатералната соработка и исполнувањето на договорите меѓу двете земји

– Верувам дека историската одлука за започнување преговори за пристапување во ЕУ, за која Бугарија вложи многу енергични напори, дава неповторлива можност на Република Северна Македонија да ја покаже својата посветеност кон европските вредности и принципи. Напредокот на вашата земја на патот кон членството во ЕУ ќе зависи од индивидуалните напори за исполнување на одредени критериуми и обврски за зајакнување на пријателството со соседните земји и спроведувањето на билатералните договори за добрососедство, вели Захариева во писмото до Димитров.

Захариева очекува наскоро да продолжи работата на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, како што наведува „со конструктивен став од страна на членовите на Република Северна Македонија и јасна посветеност да се постигне договор за прашањата за кои се разговара“.

Во писмото, пак, до новиот шеф на македонската дипломатија Бујар Османи, Захариева нагласува дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан на 1 август 2017 година, Софија и Скопје покажаа зрелост и „јасно ја искажаа својата волја за развој на односите, врз основа на заедничката историја, културната и јазичната традиција и зајакнувањето на добрососедските односи во духот на европските вредности“.

-Ја користам оваа прилика да се потсетам и да ја потврдам постојаната поддршка на Република Бугарија за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО и нејзината интеграција во ЕУ. Верувам дека и тогаш и сега сме водени од желбата да обезбедиме подобра иднина за граѓаните и да ги подигнеме односите меѓу двете земји на ниво како што треба да бидат односите меѓу нашите најблиски соседи и пријатели, пишува Захариева во честитката до Османи.

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи очекува новата влада во Скопје „да покаже одговорност и посветеност кон целите поставени во 2017 година“.

– Убедена сум дека над изборните резултати и различните политички амбиции и ставови, е нашата желба граѓаните на Република Бугарија и Република Северна Македонија да можат да ги почувствуваат придобивките од спроведувањето на договорите постигнати пред три години во име на нашата заедничка европска иднина, наведува Екатерина Захариева во четитките до Никола Димитров и Бујар Османи.

актуелно димитров захариева Османи честитка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.