Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Захарова: НАТО го продолжува курсот на милитаризација на Европа и конфронтација со Русија

јули 9, 2026

Најсреќни топ листа градови ширум светот

јули 9, 2026

„Бе-ем-ве“ развива систем што ја менува бојата со притискање копче

јули 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Захарова: НАТО го продолжува курсот на милитаризација на Европа и конфронтација со Русија
  • Најсреќни топ листа градови ширум светот
  • „Бе-ем-ве“ развива систем што ја менува бојата со притискање копче
  • Казни до 200 евра за туристи без маици и во костими за капење во село на езерото Комо во Италија
  • Повеќе од 5.000 смртни случаи во Германија од топлотниот бран во јуни
  • Пекинг го повика НАТО да се откаже од „менталитетот од Студената војна“ и да престане со „наративите за закана од Кина“
  • УХМР ги измери температурите во 8 часот, постојат услови за ново невреме
  • Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за завршување на војната е завршен
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Захарова: НАТО го продолжува курсот на милитаризација на Европа и конфронтација со Русија
СВЕТ

Захарова: НАТО го продолжува курсот на милитаризација на Европа и конфронтација со Русија

јули 9, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека НАТО ја продолжува политиката на милитаризација на Европа, подготовките за можен судир со Русија и обезбедувањето воена поддршка за Украина.

Захарова рече дека „генералната линија на НАТО не е променета“ и оти алијансата и понатаму ја третира Русија како долгорочна закана за евроатлантската безбедност.

Коментирајќи го самитот на НАТО, Захарова наведе дека на генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, не му успеало да го претстави собирот како „епохален“, ниту пак да ги ублажи несогласувањата меѓу членките. Таа додаде дека Руте не успеал да ги надмине разликите меѓу сојузниците, а особено да влијае врз американскиот претседател Доналд Трамп со цел, според неа, да го спречи забрзаното повлекување на американските сили од Европа.

Захарова нагласи дека НАТО ја смета Русија за долгорочна закана, иако одредени членки на Алијансата истовремено наведуваат дека не постојат докази оти Москва планира напад врз некоја од државите членки.

– Спротивставувањето на нашата земја кон НАТО има егзистенцијален и системски карактер – рече Захарова.

Таа оцени и дека Соединетите Американски Држави покажуваат незадоволство од функционирањето на НАТО и како примери ги наведе несогласувањата околу прашањето за Гренланд и ситуациите во кои, како што рече, Вашингтон не ја добил очекуваната поддршка од сојузниците.

Захарова истакна дека „европските политички елити“ сега ја преземаат водечката улога во конфронтацијата на „колективниот Запад“ со Русија и ги предупреди стратезите на НАТО дека нивните одлуки би можеле да доведат до „катастрофални последици“ по Алијансата и светот.

актуелно Европа Захарова конфротација НАТО русија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Најсреќни топ листа градови ширум светот

јули 9, 2026

„Бе-ем-ве“ развива систем што ја менува бојата со притискање копче

јули 9, 2026

Казни до 200 евра за туристи без маици и во костими за капење во село на езерото Комо во Италија

јули 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.