Погребот на Синиша Михајловиќ, кој почина од леукемија на 54-годишна возраст, започна во Рим.
Великанот на српскиот и италијанскиот фудбал ќе биде погребан на римските гробишта „Света Марија и мачениците“, на плоштадот Еседра.
На последното збогување со славниот фудбалер и тренер дојдоа голем број негови пријатели од светот на фудбалот.

Српски „Блиц“ пишува дека првиот венец пред базиликата каде се збогуваат со Михајловиќ е оној кој го испратиле Роберт Просинечки и Звонимир Бобан.
„Збогум, Миха, твоите Роби и Звоне“, пишува на венецот што му го посветија пријателите уште од кадетските денови.

Колеги од генерацијата 1968/1969 година, играа за младинските селекции на Хрватска и Југославија, а малку недостасувало да бидат соиграчи во Динамо. Оттаму, Просинечки и Михајловиќ беа испратени во Звезда, каде што станаа клучни играчи за освојување на европската титула во 1991 година. Михајловиќ потоа ја продолжи играчката и тренерската кариера во Италија, каде што основа семејство и почина.
(Фото: БЛИЦ / ЕПА)







