Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зголемен бројот на термини за вакцинација против сезонски грип
Во Фокусот

Зголемен бројот на термини за вакцинација против сезонски грип

декември 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Од денеска се зголемува бројот на термини за вакцинација против сезонски грип“, информира Министерството за здравство.

Со новите термини вакцинацијата почна денеска во 14 часот во Здравствен дом Скопје, односно се одвива во шест поликлиники на територија на Скопје и тоа во поликлиниките: Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.

Имунизацијата е со упатување од матичен лекар преку Мој термин во период од 14 до 19 часот.

„Мој термин утрово отвори 1800 термини за Скопје за период од една недела, почнувајќи од денеска, петок, понеденик, вторник и среда, а попладнево ќе се пуштат уште дополнителни 1080 термини за деновите–сабота, четврток и петок. Во работните денови пунктовите за вакцинација работат до 19 часот, а во саботите од 8 до 14 часот“, соопштија од Министерството.

Од таму наведуваат дека вакцинацијата е бесплатна за следните дефинирани ризични групи: стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од шест месеци до пет години.

Од Министерството појаснија дека дистрибуцијата по останатите градови е во тек и граѓаните дополнително ќе бидат информирани за отворените термини за вакцинација

Според препораките од страна на епидемиолозите нема период во кој може да се задоцни со вакцинацијата.

„Добро е секој граѓанин да ја прими вакцината во било кој период до започнување на пикот на сезоната на грип. Порано пикот на сезоната бил во декември и јануари, а сега со временските промени пикот го очекуваме при крајот на јануари и почеток на февруари. Во однос на ова, според епидемиолозите, никогаш не е доцна граѓаните да се заштитат од сезонскиот грип и да ја примат потребната вакцина“, се посочува во
соопштението.

Во период на пандемија со коронавирус, во која сите граѓани применуваат дополнителни заштитни мерки, од Министерството велат дека е најдобро да се следат препораките за соодветна вакцинација, односно оние кои се веќе спроведени во пунктовите за вакцинација низ државата–организација на временската разлика наместо на пет, на десет минути да се примаат граѓаните, со цел да се намали веројатноста на двојната зараза, како и другите дополнителни мерки за заштита на јавното здравје.

„Ова значи правилно, добро организирано, навремено спроведување на вакцинација против сезонскиот грип и воедно заштита на граѓанинот кој ја прима вакцината и од актуелниот коронавирус. Оваа сезона сеуште нема потврден случај за сезонски грип“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

актуелно вакцинација сезонски грип Термини
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.