Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Зелената нафта“ „ќе пристигне“ до пролетната сеидба
Економија

„Зелената нафта“ „ќе пристигне“ до пролетната сеидба

јануари 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Зелената нафта“ за земјоделците ќе биде достапна најверојатно за пролетната седиба. Мерката ќе опфати 55.000 производители, а предвидува со државни пари да се покријат 30 проценти од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација. Средствата се обезбедени и програмирани во буџетот на Платежната агенција.

За да користат „зелена нафта“, земјоделците ќе имаат наменски, типизирани трансакциски сметки и посебни дебитни картички од банки.

Како што велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), постапката за воведување „зелена нафта“ е во завршна фаза. Изработена е методологија за секоја култура одделно. Точно се знае колкави се трошоците за гориво по хектар.

„Јавниот оглас за јавна набавка на картичките ќе биде распишан во првата половина на јануари 2019 година. Всушност, од овој месец почнува печатењето на картичките. По изборот на банка имплементатор, во соработка со подрачните единици на МЗШВ и банката, ќе се соберат барањата за аплицирање за „зелена нафта“ и барањата за отворање наменска дебитна картичка по формулар пропишан од банката. Отворањето на наменските земјоделски сметки за картички што ќе се користат за „зелена нафта“, зависно од логистичкиот капацитет на банката имплементатор, ќе биде не повеќе од еден месец, велат од МЗШВ.

Печатењето на картичките, вклучувајќи го и нивното доделување, би требало да се заокружи најдоцна до април 2019 година. Целта е земјоделците да имаат поевтина нафта за механизација за пролетната сеидба.

„Кофинансирањето за почеток е 30 отсто од трошоците, но со оглед на тоа дека се работи за нова мерка што прв пат се воведува, не е исклучено овој процент да се зголеми до 50. Користењето на картичките е предвидено да биде за повеќе години. Земјоделците би можеле да ги користат во сезоните кога вистински таа нафта се употребува за конкретното земјоделско производство за кое е наменета, објаснуваат од Министерството.

Плаќањето ќе се врши авансно, за што е задолжена Платежната агенција.

„Од моментот на префрлање до моментот на исплата, банката е должна да исплати позитивна камата назад во Буџетот на РМ. По добивање на средствата, банката  ги проследува на наменските дебитни картички во моментот кога ќе добие писмен допис од надлежната институција, во овој случај МЗШВ. Изборот на оваа опција за имплементација на мерката нема да значи избор на повластен снабдувач на гориво, информираат од МЗШВ.

За да се воведе „зелена нафта“, требаше да се интервенира во Законот за земјоделство и рурален развој поради што во мај лани беа донесени измени. Мерката беше предложена, а потоа и најавена на почетокот од 2018 година како поддршка на земјоделците, односно како опција што треба да го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизел-горивото. Практично, би требало, земјоделците да купуваат нафта по двојно пониска цена од продажната. Ако литар чини 60 денари, за нив ќе биде 30.

Во ноември 2017 година, со законски измени, за три денари се зголеми висината на акцизата на дизелот што се користи како погонско гориво, како и на гасното масло што се користи како гориво за греење. Акцизата за нафтата, пак, се зголеми за три денари по литар, а тоа повлече поскапување на дизел-горивото за 3,5 денари. Образложението на министерот за финансии Драган Тевдовски тогаш беше дека акцизата на нафтата се зголемува за да се намали употребата на дизел-горивата.

зелена нафта земјоделство МЗШВ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.