И вечерва продолжуваат протестите пред Собранието во Скопје против договорот за решавање на проблемот за името меѓу Македонија и Грција.
Демонстрантите бараат оставка од Владата и да не се одржи референдум за името.
Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Грција во Псарадес.
Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
ФОТО: ТВ24







