Доналд Трамп, 45-тиот американски претседател и поразениот на последните претседателски избори, поднесе кандидатура за изборите во 2024 година.
Трамп функција претседател ја извршуваше од 2017 до 2021 година, кога на власт дојде актуелниот претседател Џо Бајден.
Ова му се трети избори во кариерата, а најавата за неговата кандидатура, која беше објавена од неговата база во Мар-а-Лего, доаѓа после изборите на кои републиканците не постигнаа многу голем резултат, бидејќи не успеаја од демократите да ја преземат контролата врз Конгресот на САД.
Соработниците на поранешниот претседател ја доставиле документацијата неопходна за кандидатура, а Трамп примил бројни гости на луксузниот имот на Флорида.
„Враќањето на Америка започнува токму сега. Ја најавувам мојата кандидатура за функцијата претседател на САД со цел на нашата земја да и ги вратам големината и славата. Ова нема да биде моја кампања, ова ќе биде наша кампања“, рече Трамп.
(Фото: „Еј-Би-Си Њуз“)







