Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ивановска: Власта не ги гледа реално оценките
Некатегоризирано

Ивановска: Власта не ги гледа реално оценките

ноември 10, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, вели дека многупати досега сме прочитале дека нема напредок во извештајот и не треба да сме изненадени од лошите оцени на меѓународната заедница.

– Прашувам зошто сите се изненадуваме кога меѓународната заедница ќе ни даде лоши оценки дотолку повеќе што ние постојано укажуваме на тоа. Значи, ДКСК дава препораки, невладините укажуваат, сите укажуваме и тогаш сите се глуви. Сега кога ќе дојде меѓународната заедница да ни ги каже вистинските оценки тогаш наеднаш сите се чудиме. Ама власта не ги гледа оценките, изјави Ивановска во емисијата Анализа 24.

Според Ивановска, власта не ги гледа реално оценките какви се и што се.

–   Мене сево ова ми личи на едно мало тврдоглаво дете кое што не сака да послуша ништо што му се кажува… За жал, тоа е зрелоста на нашето општество, ништо повеќе од тоа, вели Ивановска.

Холандскиот амбасадор, посочи Ивановска, неколку пати отворено ни кажува дека ова е се до нашиот менталитет, дека човечкиот потенцијал е таков и дека власта се изразува декларативно во борбата против корупција,

– Значи, ако е се’ до менталитетот и до човечкиот фактор тоа значи дека треба тука да имаме зреење, односно детето да порасне. Значи, без разлика колку и да формираме работни тела, комисии, било што – епилогот ќе биде дали имаме желба, вистинска волја тоа да се заврши или, пак, ќе ја замајуваме јавноста, вели Ивановска.

Ивановска, посочи дека ДКСК во нејзиниот мандат досега има 50 иницијативи за кривично гонење и уште 50 иницијативи за разрешување на директори и раководители.

–  Бар нешто од тоа да се применеше, ќе ја променеше климата во државата, изјави Ивановска.

Уште од 2019 година, нагласи Ивановска, Комисијата излегла со сериозни наоди коишто го поткопуваат ова општество – прашањата со кронизмот, непотизмот, клиентелизмот.

–    Во тоа време беа опфатени повеќе јавни претпријатија, дадовме иницијативи за разрешување на директорите во тие јавни претпријатија – никој не беше разрешен. Единствено си отиде директорот Драган Миневски од ЕСМ, мислам, и мислам дека тој повеќе си замина поради својот личен интегритет отколку што некој побра да си оди – тоа е мое лично мислење, не знам можеби не е така, не е битно. Но, сите управни одбори одговорија дека не гледаат одговорност кај директорите коишто по пат на политичко влијание ги одбрале тие, изјави Ивановска.

Според Ивановска, добро е што ЕК позитивно ја оценува работата на ДКСК, со оглед дека половина мандат го поминале со исти ресурси.

 

 

 

 

 

 

 

Фото: МИА 

актуелно власт Ивановска оценки реалност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.