Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Извештај на Европарламент: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани
СВЕТ

Извештај на Европарламент: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани

ноември 9, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Употребата на шпионскиот софтвер „Пегаз“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ, се заклучува во извештајот на истражниот комитет на Европскиот Парламент.

„Владите на членки на ЕУ го користеа овој софтвер против граѓаните за политички цели“, е заклучокот од објавениот нацрт-извештај во кој се наведува дека постојат индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, Грција, Кипар и Шпанија.

Критикувана е и Австрија, бидејќи поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц има блиски врски со сопственикот на израелската компанија НСО, која го разви „Пегаз“.

Дополнително, во извештајот се наведува дека седиштето на компанијата DSIRF (Decision Supporting Information Research and Forensic), која важи за провајдер на софтвер за шпионажа, се наоѓа во Австрија, а високи функционери на таа компанија имаат, како што се наведува во извештајот, контакти со Русија и Кремљ.

Откако експертите за безбедност на Мајкрософт го обвинија DSIRF дека стои зад серија дигитални напади врз банки, адвокатски фирми и стратешки компании во најмалку три земји, државната безбедност на Австрија спроведе истрага, но не најде докази за примена на шпионски софтвер.

DSIRF разви софтвер наречен „Subzero“ кој користи таканаречени Zero-Day-Exploits за да добие пристап до доверливи податоци и лозинки, соопшти Мајкрософт во јули.

„Развојот на „спајвер“ во земјите-членки на ЕУ е голема закана за демократијата на целиот континент“, нагласи надлежната известувачка на Европскиот парламент, Холанѓанката Софи ин т Велд. Според неа, „спајверот“ не само што ги нарушува правата на приватната сфера, туку ги поткопува демократските институции и ги замолчува опозицијата и критичарите. Таквиот софтвер, додава таа, има застрашувачки ефект врз слободата на печатот и граѓанското општество и служи за влијание врз изборите

„Тоа е европски скандал, бидејќи беа нападнати и институциите на ЕУ, а тоа влијаеше и на одлучувањето во Унијата, тврди Т Велд. Таа се пожали дека ниту една официјална институција не сакала да соработува со неа во подготовката на извештајот, а Советот на ЕУ не одговорил на прашањата на Европскиот Парламент во врска со тоа. – Затоа сликата не е целосна, имаме само 900 парчиња од сложувалката од 1.000 парчиња, појасни таа.

„Европската Комисија бучно се залага за демократија и борба против лажните вести,па така и неодамна кога беше преземен Твитер. Но, кога нападите врз демократијата доаѓаат одвнатре, Комисијата молчи, рече Т Велд. Таа оцени дека Европската Комисија „му покажува мускули“ на Илон Маск, но со кадифени ракавици им се обраќа на членовите кои користат шпионски софтвер против своите граѓани.

актуелно ЕУ пегаз шпионирање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.