Израелскиот министер за енергетика, Јувал Стајниц, и порача на Европската унија да “оди по ѓаволите” поради повиците за истрага на бруталните акции на израелската полиција врз израелските Арапи.
Само две недели претходно, Јувал Стајниц, ги пофали израелските односи со ЕУ за време на прославата на Денот на Европа во резиденцијата на амбасадарот на ЕУ во Израел.
ЕУ во вторникот ја осуди израелската акција против израелските Арапи во Хаифа откако тие протестираа поради големиот број загинати на границата со Газа, пренесе израелскиот дневник Хаарец.
“Нека одат по ѓаволите”, рече Стајниц на локалното радио и додаде дека ЕУ е лицемерна.
“ЕУ сега вложува напори во Иран за да му помогне против американските санкции”, рече министерот Стајниц.
Се пожали дека ЕУ го вознемирува Израел додека Иран “врши егзекуции, мачи хомосексуалци, ги крши правата на жените и го поддржува тероризмот на Башар ал Асад кој користи хемиско оружје против сопствениот народ”.







