Најмалку 47 лица загинаа кога преполн автобус слета во провалија во клисура во државата Утараканд во Индија, јавуваат индиските медиуми.
Како што се наведува, 45 лица загинале на местото на несреќата, а двајца во болница.
Полицијата и Националната служба за спасување спроведуваат спасувачка мисија.
„Спасувачката операција трае заради што не можеме да ја кажеме причината за трагедијата“, изјавил полицаецот кој што раководи со акцијата.
Според информациите кои стигнуваат од полицијата, во автобусот патувале 50 луѓе, а тој можел да превезува само 28.
Медиумите, повикувајќи се на извори од полицијата, информираат дека возачот ја загубил контролата на возилото поради врнежливото време и лошите услови на патот.







