Апликацијата Инстаграм повторно ги изненадува своите корисници. Имено компанијата конечно им дозволува на корисниците да преземаат Reels објавени од други за да објавуваат надвор од апликацијата.
Ривалската апликација ТикТОК ја има оваа функција веќе неколку години, давајќи им на секој можност да гледа видеа со воден печат, пренесе TechCrunch.
Шефот на Инстаграм, Адам Мосери објави на јавниот канал на Instagram во вторникот дека американските корисници на апликацијата ќе можат да почнат да преземаат видеа на нивните уреди со допирање на иконата за споделување и избирање на опцијата Превземи.
Мосери нагласува дека на овој начин може да се преземат само Reels објавени на јавни сметки.
Јавните сметки може да ја исклучат и можноста за преземање на Reels.







