Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Истражување: Зголемена довербата на граѓаните во полицијата
Македонија

Истражување: Зголемена довербата на граѓаните во полицијата

декември 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на задоволни граѓани од работата на полицијата е значително зголемен во однос на резултатите од 2017 година и изнесува 55 отсто, а целокупната доверба во полицијата е 53 отсто.

Тоа е зголемување од седум отсто во однос на испитувањето во 2017 година, кога изнесувало 46 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење за демократско полициско работење за 2019 година спроведено од aгенцијата Рејтинг, а за потребите на ОБСЕ, што денеска беа презентирани во Скопје.

Според ова истражување, спроведено од 13 до 30 септември со 2.600 испитаници „лице во лице“ во домот на испитаникот, како и со 511 полицајци по случаен избор, што се спроведува на две години, осум од 10 испитаници се чувствуваат безбедно во соседството.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовск,и во обраќањето
потенцира дека одговорноста на институцијата ја потврдуваат преку
воспоставување стандарди и процедури за работа кои се во рамки на владеење на правото, додека транспарентноста преку навремено и објективно информирање на граѓаните.

„Полицијата секојдневните задачи може максимално успешно да ги извршува само ако ужива доверба. Отсуството на легитимитет, значи отсуство на доверба, неприфатеност и отпор кон полицијата. Оттаму, за нас од извонредно значење е да ги следиме ставовите на граѓаните за работата на полицијата. Ние сакаме да ги слушнеме и да одговориме на она што ни го кажуваат луѓето, да работиме постојано на развивање на капацитетите за навремено идентификување на проблемите и изнаоѓање заеднички решенија на локалните проблеми“, рече Спасовски.

Тој истакна дека довербата во полицијата е клучна во процесот на развивање на демократска полициска служба, која во центарот на своето постапување ги става заштитата на човековите права и слободи.

„Ако се има предвид дека со истражувањето се опфаќаат корпус на прашања кои се однесуваат на чувството на безбедност кај граѓаните,
искуствата на граѓаните со полиција кога самите биле жртви на кривични дела, искуствата на граѓаните од контакти и комуникација со полицијата, задоволството од работата на полицијата и чувството на доверба во полицијата, како и прашањата за еднаков третман на граѓаните, за родова еднаквост во полицијата, за корупцијата, за поознавањето на полициската работа и за општата слика за полицијата, ценам дека истото создава исклучителна можност за анализа на имиџот и статусот што го има полицијата во нашето општество“, рече министерот Спасовски.

Тој уште еднаш ги истакна заложбите за целосна посветеност на потребите на граѓаните, а таа определба на МВР се заснова на важечката правна рамка, како и на организациската структура на Министерството и посветеноста на МВР за развивање на транспаретна и услужна организација која во центарот ќе го постави човекот, човековите права и слободи и владеењето на правото.

Џеф Голдстајн, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје посочи дека
интензивно соработуваат и го поддржуваат МВР да гради современа, демократска и професионална полициска служба, која може да одговори на безбедносните закани и кон потребите на граѓаните.

„Сите знаеме дека довербата на граѓаните во институциите во државава не е на високо ниво и тоа не е без одредени причини. Во мисијата на ОБСЕ во Скопје ние се обидуваме да ги поддржуваме напорите на Владата во насока на реформирање на јавните институции за да работат поефикасно и да доставуваат подобри услуги за граѓаните“, истакна Голдстајн.

Резултатите од истражувањето за 2019 година во споредба од претходните истражувања, особено од 2017 година, укажа тој, со цел да
се идентификува напредокот на демократското полициско работење и да се утврдат прашањата кои налагаат поголемо внимание, покажуваат меѓу другото дека има позитивни моменти, како што е поголемиот процент на граѓани кои се задоволни од работата на полицијата, особено кај албанската заедница.

Презентирајќи ги резултатите од истражувањето, Никола Спасов, директор на агенцијата „Рејтинг“ меѓу другото се осврна на прашањето
до граѓаните за тоа што е приоритетно за подобрување на полициските услуги, 21 процент сметаат дека е уште поголемо присуство на терен и
еднаков однос на полицијата кон сите граѓани.

На прашањето дали сметатате дека во полицијата постои корупција односно колку се согласувате со ставот дека во полицијата постои корупција, како што презентираше директорот на „Рејтинг“, 52 проценти
во 2017 година сметале дека во полицијата постои корупција, додека во
2019 година истото мислење го делат 48,4 отсто од испитаниците, што е
подобрување за речиси четири процентни поени.

„Ова е подобрување, но мора да се каже дека процентот за перцепција за постоење на корупција е основниот проблем и би рекол негативен имиџ на полицијата, на кој треба да се работи“, рече меѓу другото Никола Спасов, директор на агенцијата „Рејтинг“.

актуелно граѓани доверба истражување полиција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.