Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Италија ги укина казните за противниците на вакцинацијата против Ковид-19
СВЕТ

Италија ги укина казните за противниците на вакцинацијата против Ковид-19

декември 11, 2024Updated:декември 11, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Италијанската Влада ги укина казните за луѓето кои одбија да примаат задолжителни вакцини против Ковид-19, се вели во соопштението објавено откако тие беа воведени за да се поттикне вакцинацијата во земјата која се бореше да ја задржи пандемијата.

Италија беше меѓу земјите најтешко погодени од пандемијата, која беше откриена на почетокот на 2020 година, и има регистрирано повеќе од 190.000 смртни случаи, според податоците на Светската здравствена организација.

Марио Драги, претходникот на премиерката Џорџа Мелони, ја направи вакцинацијата задолжителна за наставниците и здравствените работници и ја прошири обврската на сите постари од 50 години за време на неговиот мандат меѓу 2021-2022 година.

Според наредбата јавните службеници кои одбија да се вакцинираат беа суспендирани од работа без плата, а оние над 50 години казнети со 100 евра.

Во владиното соопштение се наведува дека се укинати казните, како и сите обврски за плаќање. Италијанските медиуми изнесоа идеја за враќање на парите на оние што платиле, но тоа не беше споменато во соопштението.

Мелони, која ја презеде функцијата на крајот на 2022 година на чело на десничарската коалиција, ги обвини нејзините претходници Драги и Џузепе Конте за идеолошки пристап кон Ковид, ветувајќи дека ќе ги направи работите поинаку.

Опозициските партии луто реагираа на овој потег.

– Укинувањето на казните за оние кои не биле вакцинирани е начин на намигнување на противниците на вакцинацијата, изјави Рикардо Маги, претставник на малата италијанска партија +Европа.

 

актуелно вакцинација италија казни ковид противници укинување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.