Дејвид Смит, поранешен работник за обезбедување во Амбасадата на Велика Британија во Берлин, е осуден на 13 години и два месеци затвор поради шпионирање за Русија, објави Би-Би-Си.
Педесет и осумгодишниот Британец признал дека им проследувал тајни информации на руските власти.
Беше фатен во тајна операција во која лажни руски агенти му понудија шанса да добие „многу чувствителни информации“.
Судот соопшти дека Смит „развил антибритански и антизападни чувства“ додека бил вработен во амбасадата.
Како што наведоа, Смит го изложил персоналот на амбасадата на „максимален ризик“ на тој начин што ги препраќајќи нивните фотографии во руската амбасада во Берлин.
Смит, кој се изјасни за виновен по осум точки од Законот за службени тајни, тврдеше дека едноставно сакал да ја „посрамоти“ амбасадата и дека во тоа време страдал од депресија.







