Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Казни по 2000 евра за тројца адвокати поради неприсуство на судењето за „ТНТ“
Судски процеси

Казни по 2000 евра за тројца адвокати поради неприсуство на судењето за „ТНТ“

декември 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Казни во висина од по две илјади евра добија адвокатите Боро Тасевски, Мерџан Даути и Дончо Наков за грубо навредување на Судот и одолговлекување на постапката на денешното рочиште за судењето за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски „ТНТ”.

Адвокатите Даути и Наков не беа присутни на денешното рочиште, поради обврски на други судења, а адвокатот Тасевски, поради откажано полномошно.

Неприсуството на адвокатите, Судот го оцени како грубо навредување и одолговлекување на постапката и рече дека обвинетите ќе добијат бранители по службена должност и даде половина час пауза за процесно да се завршат работите.

Обвинетиот Тони Трајковски, на почетокот на денешното рочиште го информираше Судот дека го отповикува неговото полномошно.

– Сметам дека не треба да дадам причини за мојата одлука, но сакам да кажам дека не бев предупреден од мојот адвојат дека за помалку од 13 часа по завршување на вчерашното рочиште ќе треба да дадам своја одбрана. Поради таквата состојба веднаш по вчерашното рочиште му го одземав полномошното на Боро Тасевски и ве известувам дека мој нов адвокат е Јовица Страшевски, изјави Трајковски.

Во телефонски разговор вчера, посочи Трајковски, адвокатот Страшевски го информирал дека денеска во овој термин има судење за предмет во Кичево и нема да може да присуствува.

Судијата Огнен Ставрев, го извести обвинетиот Трајковски дека има право да го откаже полномошното, но адвокатот Боро Тасевски законски мора да продолжи да го застапува во следните 15 дена.

– Боро ќе биде казнет. Тој добро знае дека денеска мора да се појави на денешното рочиште. Вие денеска ќе имате адвокат по службена должност и нема денеска да се одложи судењето, изјави судијата Огнен Ставрев.

На денешното рочиште не беше присутен и адвокатот Дончо Наков, бранител на две обвинети во случајот, кој денеска бил на друго судење во Куманово.

Јавниот обвинител Бурим Рустеми, ваквото настапување на бранителите на обвинетите го оцени како несериозно.

– Јас сум убеден дека ова откажување на полномошно е со цел да се одолговлекува постапката и сметам дека судот не треба да ги прифати ваквите игри, рече Рустеми.

Една од обвинетите, реагираше дека исказот и е единствена можност да докаже дека е невина и не сака да дава исказ во отсуство на својот адвокат кој е запознаен со случајот.

– Не сакам да се расправам, но ова е тендециозно. Денешното рочиште го закажавте од вчера за денеска и мојот адвокат не можеше да ги откаже обврските во Куманово и вие сега ми го ускратувате правото и ми назначувате адвокат по службена должност, изјави една од обвинетите.

Обвинетиот Миле Јанакиевски, побара од Судот да бидат сослушани и Фијат Цановски и Адријан Амзовски, но судијата Ставрев рече дека тоа не е можно зошто тие веќе имаат присуствувано на рочишта за ова судење.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Инаку од Судот информираа дека од технички причини расправата за предметот од обвинителството означен како „Монструм“ закажана за денеска се одлага за да се одржи судењето за „ТНТ“.

 

 

ИЗВОР: МИА

адвокати актуелно казнет неприсуство судење ТНТ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.