Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Калајџиев: Со законот за амнестија се потврдува праксата на мешање на политиката во судството
Македонија

Калајџиев: Со законот за амнестија се потврдува праксата на мешање на политиката во судството

декември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Законот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април содржи чудни решенија кои ќе имаат правни последици и потврдува дека политиката и натаму се меша во правосудството, смета професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Гордан Калајџиев.

„Претпочитав почисто решение на целосна амнестија за настанот. Моделот на кој што се пристапи е веројатно оригинален. Не сум сретнал ваква амнестија во која што особено е спорно тоа што се вклучуваат и судовите и обвинителство. Значи врз основа на закон што го донело Собрание, по мислење на обвинител, со решение на суд, по барање на обвинетите е едно чудно решение кое по моја проценка ќе влече на некој начин опашки, правни последици. Така што мислам дека можеше да се избере поедноставно решение. Очигледно дека предноста ја имаа некои политички причини што повеќе или помалку и се познати на јавноста, вели Калајџиев коментирајќи го Законот за амнестија во изјава за медиумите по промоцијата на Коментарот на Законот за кривична постапка.

Според него, со законот се потврдува праксата на мешање на политиката во судството, што е вели неприфатливо за една правна држава.

„Јас се надевав дека ќе дојде време кога ќе му се даде малку повеќе вредност на правото и на правната држава, во смисла политичарите да ги тргнат рацете од казненото правосудство и од судството во целина, но очигледно дека приликите се уште се такви какви што се. Политичките елити едноставно уште го немаат достигнато тоа ниво на политичка култура да успеат да се воздржат и наспроти ветувањата кои што ни ги даваа. Впрочем, претходната власт падна меѓу другото на тој бран на незадоволство од начинот на кој што се практикува владеење на правото, односно владеење на една политичка автократија. Борбата на невладиниот сектор и на сите ескперти што се бориме за правната држава со политичарите очигледно ќе продолжи на подолг рок додека и самото општество не созрее со степенот на политичка и правна култура да не дозволуваат вакви излети каков што е овој последниот со амнестијата, кој да не речам, не е многу подобар од оној со амнестијата и помилувањето на Ѓорге Иванов, посочува Калајџиев.

Андреј Божиновски правен советник во Здружението за кривично право смета дека донесениот Закон за амнестија има правни нелогичности, односно целиот закон е правно нелогичен, содржи конфузни одредби за улогата на судот и на обвинителството.

„Наспроти правната логика која ја нема законот има политички прагматизам. Целта на законот е ослободување на македоснкото политичко општество од стегите на минатото, меѓутоа правно гледано, законот нема никаква правна логика, вели Божиновски.

Македонското Собрание завчера по скратена постапка со 95 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април минатата година. Согласно законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.

актуелно амнестија закон мешање политика судство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.