Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева останува во привор во КПУ Затвор Скопје, иако е завршена истрагата за случајот „Рекет“ во кој таа е третоосомничена, одлучи Апелацискиот суд.
Од Апелација за МИА информираа дека е одлучено да се укине втората точка од решението за притвор – влијание врз истрагата, по добиеното известување од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дека истрагата е завршена.
Сепак, судиите оцениле дека сè уште постои ризик за бегство и ја одби жалбата поднесена од адвокатите на Јанева.
Одбраната бараше да ѝ биде изречена поблага мерка бидејќи, според нив, веќе не постојат основите по кои ѝ беше изречен притвор, а како гаранција беше понуден движен и недвижен имот.
Апелација одлучуваше по жалбата откако претходно беше одбиена од Кривичниот суд.
Катица Јанева е во притвор од 21 август.
Покрај неа, во „Рекет“ е осомничен и Бојан Јовановски-Боки 13, кој исто така е во притвор, како и Зоран Милески-Кичеец, кој е во домашен притвор







