Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски избран за мандатар, нова влада најдоцна до средината на јануари
Македонија

Ковачевски избран за мандатар, нова влада најдоцна до средината на јануари

декември 28, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Партијата ќе биде главен креатор на квалитетни политики и поддршка на институциите. Секое нејзино тело од месните одбори па се до највисоките органи ќе има своја јасна улога и придонес во спроведувањето на политиките. СДСМ мора и ќе биде силна, организирана, со јасно поставена партиска хиерархија доколку сакаме да постигнеме ефикасно работење, порача новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски по завршување на вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ, каде тој ја доби довербата да биде мандатар на новата влада.

– За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работам за да ја оправдам довербата, вели Ковачевски.

Миле Зечевиќ е избран за генерален секретар, на местото на Љупчо Николовски, Бојан Маричиќ е избран за секретар за меѓународна соработка, додека Вангел Андрески, поранешен директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ е на функција на организациски секретар.

Ковачевски најави дека е формиран Совет за креирање и имплементација на политики, а за претседател е избран проф. д-р Игор Ивановски поранешен пратеник, поранешен претседател на СДММ, потпретседател на СДСМ и генерален секретар на СДСМ. Советот ќе има за цел да функционира како помошно тело за поддршка на претседателот на СДСМ и органите на Партијата, да ги интегрира и мобилизира целиот човечки капитал во и надвор од партијата. Ова советодавно тело ќе креира политики и стратегии, но и ќе ја следи и забрзува имплементацијата и реализацијата на проектите.

Од поранешниот состав, на потпретседателска функција во СДСМ останува вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Новите потпретседатели на СДСМ се Стефан Богоев, поранешен градоначалник на Општина Карпош, Перо Костадиновски, градоначалник на Валандово и пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска. Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, исто така го продолжува мандатот кој и го има со изборот на Конгрес.

Во Извршниот одбор на СДСМ членуваат Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, Никола Рилак.

Претходно, вчера во текот на денот оставка од потпретседателската функција во партијата даде министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Оставка на функцијата генерален секретар на СДСМ вчера поднесе и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

Во меѓувреме, откако во четвртокот Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, тече рокот од десет дена во кој претседателот Стево Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова влада, и тоа, откако во СДСМ беше потврден новиот мандатар, би требало да се случи деновиве. Формирањето пак на новата влада Ковачевски го најави за средината на следниот месец, најдоцна до 18 јануари.

Откако мандатарот ќе го добие мандатот за формирање нова Влада, се очекува во текот на првата половина на следниот месец тој до Собранието да ги достави програмата за работа и составот на новиот владин кабинет, по што пратениците ќе треба да гласаат за избор на новата влада. За да биде избран, за предложениот владин кабинет треба да гласаат најмалку 61 пратеник. Новото парламентарно мнозинство составено од коалицијата предводена од СДСМ, заедно со ДУИ, Алтернатива и ДПА има 64 пратеници во Собранието.

– Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова влада и силно да се посветиме на спроведување на владината програмата и политиките. Јас сум оптимист дека новата Влада предводена од СДСМ ќе ја избереме на средината од следниот месец, до 18 јануари. Пред новата Влада стојат предизвиците за менаџирање на енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, како и продолжување на евроинтеграцискиот процес и преговорите со соседна Бугарија, изјави Ковачевски на вчерашната прес-конференција.

Според него, само со стабилна влада можат да се надминат овие предизвици. Во моментов се работи на програмата што, како што изјави Ковачевски ги содржи најдобрите проекти и предлози на СДСМ и коалициските партнери.

– Веднаш потоа треба се посветиме и на ефикасна реализација, бидејќи што поефикасно работиме и го почитуваме заемниот договор, постабилна ќе биде владата. Новата влада ќе стави силен фокус на економијата но ефикасна реализација на програмата и капиталните инвестиции. Насочени сме кон остварување двојно повисоки стапки на економскиот раст и покачувањето на платите. Трудот на работникот мора да се цени и вреднува, додаде претседателот на СДСМ.

Реформите и промените во политичката партија СДСМ доаѓаат по оставката на поранешниот претседател на партијата и премиер, Зоран Заев. По завршувањето на вториот круг од локалните избори на 31 октомври оваа година, Заев ја презема одговорноста за лошите резултати. На 23 декември, Собранието ја констатираше оставката од премиерската функција. Тој ја презема премиерската функција на 31 мај 2017 година, а вториот мандат го освои на 15 јули минатата година.

 

 

МИА

актуелно ковачевски мандатар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.