Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Комисијата одлучи да им се одземе имунитетот на шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Фокусот

Комисијата одлучи да им се одземе имунитетот на шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 30, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комисијата за деловнички и мандантно – имунитетни прашања му предложи на Собранието на Република Македонија да им го одземе имунитетот на шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поради барањето за притвор од Судот за нивното учество во насилните настани во Собранието на 27 април.

Членовите на Комисија поединечно се изјаснуваа за секој од шестмината пратеници: Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.

На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од чија пратеничка група се осомничените народни избраници. Сите шестмина, како што информираат од Собранието, биле известени и ги примиле известувањата за седницата.

Единственото обраќање на седницата на пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ, кој кусо оцени дека настаните од 27 април биле напад врз демократијата и уставниот поредок на земјата и обид  за загрозување на животот на пратениците од тогашната опозицијата. Институциите на Република Македонија, според него, имаат целосен кредибилитет, должност и одговорност до крај да го расчистат овој случај за правдата конечно да излезе на виделина и кривичните дела од ваков карактер никогаш да не се повторат.

„Како еден од десетмината пратеници кои на 27 април беа во прес центарот на Собранието, носам лично сведоштво за настаните, за ситуацијата, за сите факти, кои беа евидентни. Вредеше секој момент, секоја минута, секоја секунда, мината во таа прес-сала затоа што се изборивме за правдата, за демократијата, да се врати функционирањето на нормалниот систем во нашата држава, рече Кирацовски.

Ситуацијата, додаде тој, е многу чиста, фактите се очигледни, аргументите се поголеми од сите нас.

„Лично уште кога се избираше Владата на Република Македонија им простив на нашите колеги пратеници, на сите оние што учествуваа на овој настан, затоа што човечки е да се прости, затоа што ни самите тие не биле свесни во каква игра биле ставени и што се можеше да се случи, но видов дека и тие никогаш нема да простат на оној кој им дал наредба да се впуштат во нешто од кое ќе се срамат и ќе се каат целиот свој живот, истакна пратеникот од СДСМ. 

Кога сме исправени пред една ваква одлука, кажа Кирацовски, треба да бидеме свесни дека ние сме пратеници, обични луѓе и не смееме да се носиме над законот и да се ставаме во улога на судии и обвинители. Кои сме ние денес да попречуваме одредена судска постапка, праша пратеникот.

„Враќањето на правната држава, на правдата во Република Македонија е нешто за кое сите со години се боревме, а Собранието треба и мора да биде првиот пример каде што таа практика ќе владее. Никој не е над законот, па ниту ние пратениците, рече Кирацовски, образложувајќи зошто гласаа за барањето на судот за симнување на имунитетот на шестмината пратеници.        

Претедателот на Комисијата за деловничко и мандатно и имунитетни прашања, Павле Богоевски, сега треба да изготви извештај што треба да го достави до Собранието, кое најдоцна до сабота треба да донесе конечна одлука за симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. За одземање на имунитет на пратеникот потребно е просто мнозинство.

По известувањето за притворање пратеник, кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник, ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник.

Пратениците се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

актуелно Влада на РМ вмро-дпмне Кирацовски пратеници Собрание на РМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.