Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Коѕијас: Да бев во грчката Влада ќе го потегнев Заев за уши и тоа преку НАТО, ЕУ и Нимиц
Македонија

Коѕијас: Да бев во грчката Влада ќе го потегнев Заев за уши и тоа преку НАТО, ЕУ и Нимиц

декември 6, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во мноштвото реакции  во грчката јавност по изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев се јави и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, кој во интервју за грчката телевизија Анетна кажа што би направил доколку се уште беше член на грчката Влада.

„Ќе го потегнев за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц. Нимиц се активираше и добро направи и го потсети дека прекршува две точки од Времената спогодба и од Договорот од Преспа, рече Коѕијас, одговарајќи на прашањето што тој ќе направеше доколку се уште беше министер, јави дописничката на МИА од Атина..

Тој додаде дека две работи се важни во Договорот од Преспа и го прочита членот од договорот дека ниту една од земјите нема да се меша во внатрешните работи на другата страна.

„За тоа кој јазик ќе се изучува во Грција е во наша надлежност. Не е нивна работа, рече Коѕијас и додаде дека второто е да се промени членот 49 во македонскиот Устав.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија во друг дел од интервјуто рече дека во изјавите на Заев, тој не нашол нешто што има врска со македонско малцинство, но констатирал дека во однос на јазикот има прекршување на два параграфа.

Коментирајќи го ставот на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, дека Заев со изјавата ја отворил Пандорината кутија, Коѕијас рече дека опозицијата не треба да се води по толкувањата дадени од Скопје.

„Постои меѓународен договор што се уште не е ратификуван. Што значи дека не постои. Се наоѓаме во процес на ратификација. Не е добро опозицијата да ги прифаќа толкувањата што ги дава некој или некои во Скопје, бидејќи битката е и за да составиш договор, но и за да го толкуваш, рече поранешниот шеф на грчката дипломатија, пренесе МИА.

Коѕијас во интервјуто за ТВ Антена изрази сигурност дека Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент, а за ставовите на коалицискиот партнер во грчката Влада, истакна дека не рекол дека ќе ја турне владата, „бидејќи знае дека не може“ и додаде дека според него, Каменос е „последниот што би сакал да има избори бидејќи можеби нема одново да биде избран“.

Во однос на протерувањето на руските дипломати од Грција, Коѕијас рече дека бил повикан од грчкиот премиер и неговите соработници и му било соопштена одлуката за протерување.

актуелно Атина Договор Коѕијас преспа скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.