Моментно првиот човек на ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи, Себастијан Курц денес со потпретседателот на владата и шеф на дипломатијата на Македонија, Никола Попоски беа во обиколка на граничниот камен 59 во близина на македонско-грчката граница каде пред една година беше забележан најголемиот прилив на мигранти на балканската рута.
Курц изразил интересирање за моментната ситуација на тој граничен премин и во врска со прашањето дали имало обиди за илегално преминување на грчко-македонската граница.
Австрискиот министер во таа прилика од неговиот колега Попоски бил информиран дека Македонија играла клучна улога во зачувувањето на Шенгенскиот договор за ограничување на илегалната миграција на границата меѓу Македонија и Грција и за сите детали кога станува збор за транспортот на бегалците минатата година.
Двајцата министри, Курц и Попоски, посетија неколку локации во регионот на Гевгелија каде што е инсталирана опрема за надзор на границата, како и контигентот на австриските полициски сили кои се распоредени во Гевгелија.







