Ако може да им се верува на шпанските медиуми, Барселона ова лето сериозно ќе посегне во касата и ќе ја засили екипата.
Како што пишува весникот „Спорт“, кој е инаку добро упатен во случувањата во Барса, Филип Кутињо (24) ги прифатил условите на Барселона, а сега се на ред преговори меѓу двата клуба за висината на отштетата.
Таа не ќе биде помала од 90 милиони евра, колку што Ливерпул бара за својата ѕвезда, иако во Барселона наводно сметаат дека луѓето од „Енфилд“ малку претерале.
Ливерпул секако сака да го задржи својот најдобар фудбалер, но истовремено не може да одбие толку пари.
Ако дојде до договор, Кутињо ќе го сруши рекордот на Луис Суарез, кој во 2014 година отиде исто така во Барселона за 82 милиони евра.








