Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Левичарот со хрватски корени, Габриел Бориќ, нов претседател на Чиле
СВЕТ

Левичарот со хрватски корени, Габриел Бориќ, нов претседател на Чиле

декември 20, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Левичарскиот политичар со хрватски корени Габриел Бориќ стана најмладиот претседател на Чиле, победувајќи го, во докрај неизвесната трка, кандидатот на крајната десница, Хозе Антонио Каст, на изборите кои претставуваат кулминацијата на растот на популарноста на прогресивната левица во таа земја.

Во центарот на Сантијаго неговите приврзаници викаа, меѓусебно се гушкаа и вееја знамиња со ликот на Бориќ, како и знамиња со виножито од ЛГБТ групите кои ја поддржаа неговата социјално инклузивна политика и плановите за ревизија на пазарно ориентираниот економски модел на Чиле.

За време на неговиот победнички говор, Бориќ најави дека неговата влада ќе ги прошири социјалните права на населението, но дека тоа ќе го направи на фискално одговорен начин и имајќи ја на ум грижата за поздрава економија на најголемиот светски производител на бакар.

Тој, исто така, рече дека ќе се спротивстави на рударските проекти кои ја уништуваат природната средина, вклучувајќи го и контроверзниот проект „Доминго“ вреден 2,5 милијарди долари, кој вклучува ископ на железо, бакар и злато.

„Уништувајќи го нашиот свет, ние се уништуваме себе си. Не сакаме повеќе ‘жртвувани зони’, не сакаме проекти кои ја уништуваат нашата земја, нашата заедница, и тоа го нагласуваме во овој случај кој стана симболичен: ‘Не за Доминго!’“, изјави Бориќ.

Тој проект би требало да биде покренат недалеку од природните резервати на околу 500 километри северно од главниот град Сантијаго.

Значајна победа за Бориќ

По повеќе од 99 отсто преброени гласачки ливчиња, триесети петгодишниот Бориќ, кој ја предводи левичарската коалиција со Комунистичката партија, има 55,86 отсто од гласовите, наспроти 44,14 отсто колку што доби неговиот противкандидат, крајниот десничар Хозе Антонио Каст, кој го призна поразот.

„Само што разговарав со Бориќ и му честитав за неговиот голем успех“, напиша Каст на Твитер. „Од денес тој е новоизбраниот претседател на Чиле и ја заслужува нашата почит и конструктивна соработка. Чиле е секогаш на прво место“, додаде тој.

Протестите во 2019 година фрлија светлина на економските нееднаквости и предизвикаа промени на Уставот.

„Ќе бидам претседател на сите Чилеанци, без разлика дали гласале за мене или не“, рече Бориќ во телефонскиот разговор со претседателот Себастијан Пинер, кој се повлекува од должноста во март.

Во најнеизвесната трка од враќањето на демократијата во 1990 година, двајцата кандидати понудија сосема спротивни визии за иднината на земјата.

Стана познат по студентските протести во 2011 година

Габриел Бориќ, пратеник од 2014 година, лидер на широка левичарска коалиција, се претстави како кандидат кој ќе спроведе промени и политички наследник на движењето од 2019 година за повисока социјална правда во земјата со најголеми нееднаквости во рамките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Каст, пак, се опиша себе си како кандидат за „ред, правда и безбедност“ кој жали за времето на воената диктатура на Аугусто Пиноче.

Ниту еден од нив не припаѓа на центристичкиот политички мејнстрим што владееше со Чиле од укинувањето на воената диктатура на Пиноче во 1990 година, па и обајцата во последните недели пред изборите ги моделираа своите ставови за да ги придобијат центристичките гласачи.

Бориќ, кој вниманието на јавноста го привлече како водач на студентските протести во 2011 година за подобро и подостапно образование, во саботата во отворено писмо напиша дека неговата влада ќе ги спроведе промените што Чилеанците ги бараат од протестите во 2019 година.

Тие протести, кои траеја со месеци и повремено стануваа насилни, го поттикнаа службениот процес на измена на децениски стариот чилеански Устав, кој следната година ќе се соочи со референдум.

Бориќ се залага за голема даночна реформа според која најбогатите – еден процент од Чилеанците кои поседуваат 26,5 отсто од националното богатство – повеќе би учествувале во новата програма за подобар пристап до здравството и образованието и воспоставување нов пензиски систем, кој сега е целосно во приватни раце.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

 

актуелно избори левичар Претседател Сантијаго Чиле
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.