Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Манчевски: Одлуката за разрешувања е на премиерот, „чистка“ за тие што не одат на работа
Македонија

Манчевски: Одлуката за разрешувања е на премиерот, „чистка“ за тие што не одат на работа

мај 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вели дека ќе ја почитува евентуалната одлука и тој да биде зафатен со „чистката“ на владините функционери што ја најави неодамна премиерот Зоран Заев.

„Апсолутно кај него е одлуката. Што и да одлучи апсолутно се согласувам со таа одлука, рече Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека можеби „чистката“ ќе започне од кај него поради оценките на дел од јавноста дека нема реформи  во администрацијата.

Според него, апсолутно со „чистката“ ќе бидат опфатени вработените во администрацијата кои не одат на работа, а земаат плата.

Манчевски вели дека е субјективно да каже колку е задоволен од својата работа, смета дека секогаш може подобро и оти е главен судот на граѓаните.

Ветува дека на крајот на годинава ќе следат конкретни резултати во реорганизација на целиот систем, за што ќе се дебатира со опозицијата за да се добие поддршка и да не се протолкува како политички реваншизам.

„За граѓаните е побитно какви услуги добиваат, а не колку институции има и како се распоредени. Сепак и во тој дел, заедно со Европската унија работиме на ИПА проект за реорганизацја и оптимизација на институциите од јавниот сектор. За тоа ќе биде потребен консензус и ќе се работи заедно со опозицијата и сите политички партии. Доколку немаме широка дебата и поддршка од сите веднаш ќе биде протолкувано како политички реваншизам од опозициските партии. Во овој процес мора да се влезе многу внимателно, со сериозни анализи, со надворешна експертиза како  што правиме моментно и на крајот на годината со видливи резултати, рече Манчевски.

Тој појасни дека во администрацијата односно министерствата каде што најмногу е насочен фокусот и товарот за реформите работат едвај 4 000 лица. Со голем дел од јавниот сектор каде се образовните установи,  јавните претпријатија, акционерските друштва, граѓаните и немаат голем допир од аспект на барање услуги. Затоа не е едноставно. Во органите на државна управа коишто имаат најголем товар има недостиг на луѓе, а во јавниот сектор веќе е поголем хаос и затоа ни треба  серизна анализа која ја правиме, ќе биде презентирана на јавноста, нема да биде изненадување за никого и ќе се дебатира пред да се донесе решение,  наведе Манчевски., по завршната конференција за проект за модернизација на администрацијата.

манчевски премиер чистка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Наскоро следува продолжен викенд

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.