Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Студентите прогласија победа на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Вучиќ призна пораз

октомври 26, 2026

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Студентите прогласија победа на изборите во Србија
  • Вучиќ призна пораз
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Маричиќ: Од денеска судските такси намалени за осум пати–правдата подостапна за граѓаните
Македонија

Маричиќ: Од денеска судските такси намалени за осум пати–правдата подостапна за граѓаните

ноември 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од денеска во сила стапува Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, со кој граѓаните конечно добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите.

„Судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот“, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната пресконференција. Свесни бевме, додаде тој, дека судските такси беа високи, а луѓето на кои им беше потребна правда, многу пати се откажуваа да ја бараат во судниците.

„Тоа сега се надевам ќе се промени, бидејќи правдата станува подостапна за сите“, рече Маричиќ.

На прес-конференцијата министерот за правда посочи пример како би изледало тоа во пракса.

Имено, ако се тужи осигурителна компанија за надомест на штета во вредност од три милиони денари, судската такса која треба да се плати е два отсто од вредноста на спорот.

Значи, посочи Маричиќ, во овој случај граѓанинот ќе требаше за судски такси да го даде максималниот изност од 48.000 денари.

Сега според донесените измени давачката ќе биде само 6.000 денари, односно осум
пати помалку.

„Доколку е потребно да ја истерате правдината до крај и да ги искористите сите редовни и вонредни правни лекови, по старата тарифа за истиот спор ќе платевте вкупно 288.000 денари (тужба два отсто, одлука два отсто, жалба четири отсто, ревизија четири отсто). По новата судска такса, најмногу може да потрошите вкупно 36.000 денари или 252.000 помалку. доколку се жалите“, појасни министерот за правда.

Тој посочи и еден пример кога се работи за долг од 15.000 илјади евра или околу 930.000 илјади денари.

„Почнувате парнична постапка на суд, а судската такса е 2 отсто од вредноста на спорот. По старата такса, треба да платите 18.600 денари судска такса. По новата, ќе платите само 6.000 денари“, појасни министерот.

Очекуваме , додаде Маричиќ, ваквите промени да бидет во интерес и на адвокатите и вештаците, бидејќи граѓаните ќе бидат охрабрени по судски пат да стигнат до правдата.

„Овие промени кои ги направивме во поширока смисла на толкување се и во духот на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата. Воедно, согласно „Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2020-2024” еден од клучните стратешки приоритети е обезбедување на Функционална правна држава според која меѓудругото е потенцирано дека „Граѓаните во Република Северна
Македонија честопати се откажуваат од судска заштита на своите права  заради високите судски такси. Ќе ги намалиме судските такси, бидејќи високите судски такси ја прават правдата недостапна за граѓаните.“.. ова ветување веќе го исполнивме“, истакна Маричиќ.

Тој истакна дека и во година кога светот и нашата земја се борат со глобалната пандемија на коронавирусот, а здравствениот систем е исправен над најголемиот предизвик во историјата на земјата, Владата продолжува и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните.

„Министерството за правда и јас како министер и во наредниот период ќе продолжиме да работиме за остварување на тоа што ви го ветивме, правда достапна за секого и правна држава во која сите ќе бидеме еднакви пред законите, рече министерот Маричиќ.

 

актуелно граѓани Маричиќ судски такси
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Студентите прогласија победа на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Вучиќ призна пораз

октомври 26, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.