Опасноста од војна расте од ден на ден. Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Херберт Рејмонд Мекмастер изјави денеска дека Доналд Трамп ќе се „погрижи“ за растечката нуклеарна закана од страна на Северна Кореја со превземање на еднострани акции ако биде потребно.
„Претседателот ќе се погрижи за тоа, а ако веќе бидеме приморани ќе го сториме тоа ние самите. Меѓутоа, она што ние сакаме е да ги убедиме другите дека во нивни интерес е да го направат тоа повеќемина, рече Мокмастер во изјавата за телевизијата Фокс њуз.
Како што истакна, Кина превзела некои потези без преседан.
„Она што го бараме од Кина не е да ни направат нам услуга или на некој друг, туку да се однесуваат во склад со сопствениот интерес“, потенцираше Мекмастер и додаде дека на светот му се заканува смртна опасност од Северна Кореја која се вооружува со нуклеарно оружје.
„Ако биде потребно претседателот и САД ќе изнајдат начин за решавање на случувањатазатоа што тој нема да го дозволи тој смртоносен ќе се погрижи за тоа затоа што тој нема да дозволи тој смртоносен, страшен режим да се заканува на САД со најдеструктивно оружје на планетата“, изјави Мекмастер.
Говорејќи вчера на форум посветен на одбраната во Претседателската фондација и институт „Роналд Реган“ во Калифорнија, Мекмастер нагласил дека Северна Кореја е „најголема непосредна закана за САД“, пренесува Гардијан.
„Мислам дека заканата се зголемува од ден на ден, што значи дека се наоѓаме во трка со времето за да го решиме овој проблем“, рекол тој.
Мекмастер додал дека претседателот Доналд Трамп бил посветен на денуклеизација на Корејскиот полуостров. Исто така споменал дека Кина би требало да воведе поостри економски санкции над Северна Кореја и ставајќи акцент на тоа дека Пекинг има огромна економска сила и моќ над Пјонгјанг.
„Постојат повеќе начини да се носиме со овој проблем, а да не дојде до вооружен судир“, рекол Мекмастер.
Тој смета дека Кина треба да го запре испораката на нафта за Северна Кореја.
„Не можете да испалувате ракети ако немате гориво“, изјавил американскиот советник за национална безбедност.
Мекмастер не верува дека севернокорејскиот водач Киј Јонг – Ун да се откаже од својата ракетна програма, „без некои значајни нови акции во вид на остри санкции и нивно потполно спроведување“.








