Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Меркел: Германија многу внимателно ќе почне со олабавување на мерките
СВЕТ

Меркел: Германија многу внимателно ќе почне со олабавување на мерките

април 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска најави дека мерките за физичко дистанцирање ќе останат на сила, но дека ќе има многу внимателно постепено олабавување на некои рестриктивни мерки, како што е отворање на дел од продавниците во понеделник.

Меркел, по состанокот со премиерите на покраините, рече дека Германија постигнала успех во борбата против коронавирусот, бидејќи е спречено преоптоварување на здравствениот систем.

– Тоа што го постигнавме е само етапен успех, кој е многу кревок. Се согласивме дека не треба да има избрзано дејствување. Треба да разбереме дека ќе мора да живееме со овој вирус сè додека не се пронајде лек или вакцина и затоа треба да го обезбедиме она што го постигнавме, рече Меркел на прес-конференција.

Таа истакна дека е договорено мерките, како што е задолжително држење растојание во јавност меѓу лица од најмалку 1,5 метри, да останат на сила, како и одредбата со која се забранува движење со повеќе од едно лице кое не е од исто домаќинство. Исто така, рече дека сите прекршувања ќе продолжат да бидат строго казнувани.

Меркел смета дека треба да има можност за што побрзо откривање на синџирот на инфекцијата, за што, како што рече, веќе се работи на подготвување апликација.

– Ако сме во состојба да го ограничиме жариштето, тогаш олабавувањата на мерките не се проблематични, рече Меркел.

Исто така, рече дека ќе им се препорача на граѓаните да носат заштитни маски во јавниот превоз и во продавници.

Германската канцеларка најави дека од 4 мај ќе се отворат училиштата за матурантите и другите завршни одделенија, додека основните училишта и градинките ќе останат затворени.

– Наставата мора да биде организирана во мали групи и мора да биде изграден концепт за паузи, но и за превоз, појасни Меркел.

Што се однесува до фризерските салони, тие ќе почнат да работат од 4 мај, но со концепт за одржување хигиена.

Во однос на верските заедници, таа им се заблагодари на црквите за поддршката на мерките за време на Велигден и најави дека верските собирања и натаму нема да се одржуваат.

Меркел рече дека од понеделник можат да почнат со работа продавниците кои имаат површина до 800 метри квадратни, но со добар концепт за користење и хигиена и да воспостават ред за да не се создава метеж.

Премиерот на Баварија, Маркус Шедер рече дека е договорено продавниците да се отвораат со јасен концепт за заштита и мерки, како што е ограничување на купувачите, еден на 20 метри квадратни.

Шедер истакна дека хотелите и трговските центри нема да почнат со работа и дека до крајот на август нема да се одржуваат големи манифестации.

Во однос на училиштата, Шедер појасни дека градинките и основните училишта од прво до трето одделение и натаму нема да работат, бидејќи, како што рече, не може од мали деца да се бара да разберат дека мора да носат заштитни маски.

На прес-конференцијата беше најавено дека состаноците на канцеларката Меркел со премиерите на покраините ќе се одржуваат на секои две недели за да се разгледува развојот на ситуацијата.

актуелно германија Меркел мерки олабавување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.