Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот во 2019 година, во изборот на реномираниот француски часопис Франс фудбал.
Тој на церемонијата во Париз поеди пред дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, играчот на Јуветус, Кристијао Роалдо и напаѓачите на „црвените ѓаволи“ Садио Мане и Мохамед Салах.
Нему ова му е шеста „Златна топка“ во кариерата, а прва од 2015 година наваму.
Меси претходата сезона со Барселона го освои првенството на Шпанија, а на 50 натпревари постига 51 гол, со 22 асистенции.
„Златата топка“ кај жените и припадна на Меган Рапино, репрезентативка на САД и фудбалерка на американскиот Рејн.
Репрезентативецот на Бразил и чувар на мрежата на Ливерпул, Алисон, го доби трофејот „Јашин“ за најдобар голман во 2019 година, којшто се доделува од оваа година.
(Фото: АП)







