Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе престојува во работна посета на Република Австрија, на покана од австрискиот шеф на дипломатијата, Себастијан Курц.
„Во рамките на посетата, предвидено е министерот Димитров да оствари средби и со членови на Комисијата за надворешна политика во австрискиот Национален совет, како и со претседателот на Комората на индустријалците на Австрија“, соопшти Министерството за надворешени работи.







