Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство забранува целосно движење во шумите, без оглед на нивната намена.
Забраната започнува да важи од 05.08.2017 година и ќе трае се до нејзино отповикување.
Оваа одлука не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл).
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беше на теренот кој беше опожарен во с. Моране, Скопско.
„Во овие моменти најважно е да се задржи присебноста и граѓаните да имаат доверба во институциите кои се на терен. Ангажирани се Армијата на Република Македонија, ангажирани се хеликоптерите на АРМ, а уште два се дојдени на помош, еден од Бугарија и еден од Турција. Имаме пожарникари на терен и вработени во државни институции и се работи да се локализираат сите пожари“, изјави Николовски и додаде дека поради неодговорното работење на ВМРО-ДПМНЕ, денеска надлежните служби работат во нестандардни услови и со стара нефункционална механизација.







