Зеленосина светлост која го осветли небото над Мексико Сити непосредно после земјотресот од 8,2 степени според Рихтер ги изненади жителите на овој град. Иако науката нема официјално објаснување, најверојатно се работи за природен феномен.
Сеизмологот Стивен Хикс истакнува дека врска меѓу мистериозната светлост и земјотресот нема и дека во случајов најверојатно во прашање е експлозија на генератор и систем за напојување.
Сепак, многу научници не се сложуваат со него наведувајќи дека постојат записи во кои пишува дека луѓето ваква врста на светлост која доаѓа непосредно после голем потрес гледале и пред неколку илјади години.
Иако засега нема официјално објаснување, постојат три многу интересни, но и можни претпоставки.
Една од претпоставките е дека пукањето на карпи под земја покренува јонизација на воздухот под голем притисок, пред и по земјотресот. Подоцна тие јони низ пукнатините патуваат, а штом стигнат до атмосферата навлегуваат во воздушни џебови формирајќи плазма која емитува светлост.
Втората претпоставка е дека светлото е резултат на два слоја од иста материја кои се тријат еден од друг така стварајќи напон.
Третата претпоставка ја испробал професорот Трој Шинброт од Универзитетот Руџерс, кој изведе експеримент во кој ја имитирал реакцијата на карпите при земјотреси. Тој смета дека кога слоевите ќе пукнат, напонот којшто се исфрла во воздухот ја наелектризирува атмосферата и прави вакво светло, што е најблиску до првата претпоставка.







