Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Рожденство Христово – Божик од негово и од име на партијата упати честитка до aрхиепископoт охридски и македонски г.г. Стефан.
„На овој голем ден, би сакал да ви посакам мир и благосостојба во вашите семејства кои ќе ве пратат во текот на целата година, Ви посакувам многу среќа, здравје, спокој и љубов за вас и вашите ближни. Македонија со отворени раце го прифати христијанството кое е камен – темелник на западната цивилизација. Учењето Христово нека е ѕвезда водилка за секој еден од нас, неговите дела, пожртвуваноста, мудроста, љубовта нека служат за пример. Традиционалните вредности се оние кои не обединуваат како народ, како општество и се вредностите кои ни го поплочуваат патот за просперитетна и успешна Република Македонија“, се наведува во честитката.
Христијанството, се додава, не учи на надеж, надеж за подобро утре кое со посветеност и работа можеме заеднички да го изградиме за нас и иднините поколенија.
„Македонија е пред големи предизвици, но верувам во мојот народ дека ќе донесе одлуки кои ќе значат сигурност, правда и обнова. Да ставиме крај на поразите, доаѓа времето на чесни и принципиелни луѓе кои ќе работат во интерес на народот. Ќе ставиме крај на тонењето и неправдите.
Македонија има луѓе за нови победи и успеси, а нивната шанса доаѓа допрва. Нека ни е вековит и честит овој голем христијански празник Рожденство Христово, Божик. Христос се роди, Навистина се роди!, стои во честитката од претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.







