Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на народот
Македонија

Мицкоски: Знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на народот

март 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Без разлика од каде доаѓате, вашиот успех зависи од вашата самодoвeрба, цврстина и знаење. Тачер велеше „навиката да го правиш она што знаеш дека е правилно и важно, иако е тешко, е вистинскиот пат до гордоста, самопочитта и личното задоволство.“ Ние знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на народот, правдата, на страната на Македонија. И таа наша определба бара и одредена пожртвуваност која знам дека секој еден вас ја носи на своите плеќи, особено во ова време кога правдата е нападната од неправда, кога вистината се обидуваат да ја заменат со лагата и кога сакаат да ни ја украдат иднината, изјави лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на  денешната, 18-та годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој зборуваше и за промените во семејството кои се најавуваат. Вели, живееме во време кога традициите сакаат да ги одвојат од семејството. Кога вредностите се игнорираат, а авангардата се потиснува.

Но има и светло на хоризонот. 18 години по ред Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ останува јадрото кое ја симболизира таа македонска пркост, топлина, мајчинство кое обврзува, но и бунтовност пред која заеднички се поклонуваме. Македонската жена е неминовен учесник во сите големи настани во нашата историја, таа е големата мајка и хероина која се бори за правдините. И зад сите Сердари и водачи на нашиот народ кои сме ги имале низ нашата историја, стоела по некоја прличева Неда, мајка, жена, силна потпора. Таа основа потикнувала растеж, била почва за развој, силен темел, двигател, бунтовник. Борец!, рече Мицкоски.

Според него, положбата на жената не е еднаш засекогаш дадено право, туку константа за која мора да се борите, унапредувате, освојувате.

Знам дека пеколно тежок е тој пат, но ние ја нoсиме таа карма на беспаќа, континуирани докажувања, и страдања кои не дефинираат низ времето, но и ја зголемуваат нашата мотивираност. Затоа што нели ние Македонците сме пирејот таа троскотна трева која никнува колку и да ја газат, требат и кошкаат. И секоја наша победа која сме ја носеле низ историјата била резултанта на научените лекции од сите наши порази, и сме победувале и одново ќе победуваме со крената глава горди, стаменити, честити, рамо до рамо, еден до друг, затоа што сме искрени во овааа наша мисија и затоа што ја сакаме оваа земја. Во оваа наша заедничка борба Вие почитувани членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ сте рамноправниот партнер и ја имате мојата почит. Вашата борба е и моја борба, вашата победа ќе биде заедничка победа. Благица знам дека прифати одговорна функција во несигурно време и ваквите мигови бараат храбри и одлучни луѓе, и убеден сум дека успесите ќе дојдат и сите вие ја имате мојата поддршка и непоколеблива верба, Унијата на Жени ќе се соочи со секој предизвик што доаѓа, затоа што заветот е голем и тежок- и тој се вика Македонија, додаде Мицкоски.

„И додека надвор Премиерот оди на балови во фрагови, народот овде вистински гладува. Дури и последната фалба за наводно рекордно ниво на странски инвестиции во земјава е лага. Од наводни 656 милиони евра, дури 500 милиони е реинвестираната добивка на странските компании што ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во четвртиот квартал сите тие акумулираната добивка ја извадија и ја реинвенстираа зошто од 1-ви јануари наваму воведоа данок на реинвестираната добивка и им го зголемија персоналецот на распределената добивка, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека само бизнисите на власта овде цветаат и ништо друго.

„И во ваков еден уникатен систем Заевизам, при што нема друга држава во светот каде премиерот бил амнестиран за криминал и во исто време ослободен од гонење за криминал и поткуп додека бил на функција,  раѓа и други уникатни девастирани блефери. Па така се одлучија да го кандидираат Стево Пендаровски за претседател. Значи толку голема е кадровската криза  во СДСМ и откако ги вработија сите роднини на функционери и не остана незапослен роднина на функционер, започнаа нов процес да ги кандидираат луѓето по втор пат за иста функција иако веќе еднаш загубиле на избори. Незнам во СДСМ но ние на факултет ги викаме квадранти, луѓе кои по втор пат запишуваат иста година затоа што паднале претходата.  И знам дека има некој кој што ќе рече дека еве од втор пат му успеа на Заев, ете тој стана премиер, иако реалноста е дека не победи на парламентарните избори. Јас би рекол не дај Боже да се дозволи втор Заев овој пат на функцијата претседател на држава, затоа што отиде Македонија. Овие двајца политичари кои се провлекуваат низ сета темнина на транзицијата и сите штетни политики овие дваесетина години, се многу слични навистина. Едниот еве гледаме  се занимава со фалсикување избори, а вториот како претседател на ДИК аминуваше фасификат на изборите 2004та година. Значи едниот актуелен, а другиот со искуство. Нивното напред кое гледам како мото го применуваат всушност значи многу назад, порача Мицкоски.

Буицата на народната волја доаѓа на овие избори. А претседателските избори се првата станица до парламентарни избори кога конено ќе биде победено ова мракобесие. Иако сега сакаат да демонстираат сила, добро знаат дека нивната арогантност и сеење на страв е вистинскиот доказ за нивната немоќ.

Ова го истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе остане запишано дека единственото нешто што направија е промена на нашето уставно име и идентитет, што претставува тешка капитулација по сите основи. И на оваа тема сум говорел многу, но сакам да опфатам едно друго поинакво светло. Побрзаа со полиција да ги чуваат знаците покрај автопатиштата на кој пишува онака фушерски прелепено со самолепливи плакати Република Северна Македонија. Па ако народот прифател доброволна промена на името и идентитетот и бил среќен поради тоа како што вели власта, тогаш што ќе им е полиција да ги чува таблите. Институциите ќе немаа работа, граѓаните среќни и задоволни во редици самите ќе го испишуваа новото име на јавните места. Ама не ќе да е така, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека СДСМ знаат  дека огромното мнозинство на народот не го прифаќа и не се согласува со ова што го направи власта, што и се виде и со самиот референдум каде договорот беше отфрлен.

„Покрај невидливиот цензор на медиуми чии корени одат на Бихачка, се доби уште еден јавен, па така ако некој министер или новинар во присуство на Заев го употреби името Република Македонија ризикува да биде веднаш цензуриран и поправен кажувајќи го името што сам си го договори и го потишаа во Нивици. Мисли така ќе влијаее во колективната свест дека мора да се смени името чии корени се векови, милениуми стари, па така и срамот кој и го приреди на државата биде помал.  Каков аматеризам. Хартијата трпи се, и промената на оние метални букви надвиснати на фасадата на зградата на владата нема да ја променат вистината,  нашето име и идентитет е колективно врежано во нашето минато. Нашиот идентитет се нашите прадедовци и дедовци, тоа живее помеѓу нашите синови и ќерки. Македонија е жива и тоа не е само име, тоа е начин на однесување кое го дефинира нашето постоење, тоа е она што сме и ќе продолжиме да бидеме Македонци, а се друго е процес кој има падови и подеми, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

актуелно вистинска страна вмро-дпмне мицковски народ силјановска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.