Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ММФ: Економијата закрепнува благодарение на реформите и политичката стабилност
Економија

ММФ: Економијата закрепнува благодарение на реформите и политичката стабилност

јануари 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Економската активност закрепнува и довербата се обновува, како резултат на интензивирање на реформите и воспоставувањето на политичката стабилност во земјава, оценува Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во соопштение по повод завршувањето на редовните годишни консултации со Македонија во рамки на т.н член 4.

Во однос на перспективите за започнување на преговорите за членство во ЕУ,  се истакнува важноста на спроведување амбициозна агенда на структурни реформи со цел подигање на растот на продуктивноста и забрзување на конвергенцијата на доходот, при обновување на просторот на фискалната политика и надворешните бафери.

Како што наведуваат,  по стагнацијата во 2017 година, во првите три квартали на 2018 година дојде до умерено закрепнување на економскиот раст.  Во 2018 растот на БДП изнесувал два процента, како одраз на личната потрошувачка, поддржана од растот на вработеноста и кредитирањето на домаќинствата, како и на солидниот раст на извозот. Буџетскиот дефицит во 2018 се намалил умерено на 2,6 проценти од БДП, а јавниот долг на крај на годината се оценува на 50,7 проценти од БДП. За 2019 година, ММФ проектира економски раст од 2,8 проценти и инфлација од 1,8 проценти.

Извршниот одбор на ММФ забележува и дека политиките во претходната деценија го стесниле просторот за фискалната политика. Одборот се согласува дека на среден рок е потребна постепена и стабилна фискална консолидација кон врамнотежено примарно буџетско салдо со цел поставување на јавниот долг на цврста надолна траекторија. Ги поздравува неодамнешните мерки насочени кон намалување на пензискиот дефицит и подобрување на таргетирањето на социјалната помош и се охрабруваат понатамошните напори за зајакнување на управувањето со јавните финансии и зголемување на фискалната транспарентност.

Во делот на структурните политики, Извршниот одбор смета дека е потребна мултидимензионална стратегија за справување со слабостите на пазарот на труд кои го забавуваат растот. Препорачува зајакнување на квалитетот на средното и стручното образование и пренасочување на високото образование кон обезбедување вештини потребни на стопанството.  Активните мерки на пазарот на труд треба и понатаму да ги таргетираат младите и долгорочно невработените, но со поголем фокус на изградба на вештини и олеснување на преминот од образование кон работа, укажуваат од ИО на ММФ.

Ги повикуваат властите да ја задржат цврстата посветеност кон спроведувањето на клучните институционални реформи кои го зајакнуваат владеењето, ја намалуваат корупцијата и обезбедуваат ефективно владеење на правото.  Тоа, сметаат, ќе биде клучно за подобрување на инвестициската клима и намалување на неформалната економија, како и за почнување на преговорите за членство во ЕУ.

ММФ истовремено го објави и редовниот извештај за Македонија, кој е резултат на редовната Мисија на ММФ во Македонија од 8 до 21 ноември минатата година.

економија закрепнува ММФ реформи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.