Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Могерини: Клучот за иднината на Македонија е кај граѓаните
Македонија

Могерини: Клучот за иднината на Македонија е кај граѓаните

септември 13, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во посета на нашата земја престојува високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини која допатува заедно со премиерот Зоран Заев, кој, денеска имаше свое обраќање во Европскиот Парламент, како прв македонски премиер.

Премиерот Заев и Могерини во придружба на заменик претседателот на Владата на РМ за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи на РМ, Никола Димитров и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, ја посетија старата скопска чаршија.

По обиколката и разговорите со граѓаните, двете делегации се задржаа на куса средба во една од чајџилниците на чаршијата.

Во изјавата за медиумите што следуваше потоа, премиерот Заев уште еднаш и посака топло добредојде на Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и истакна дека таа, со оваа посета, уште еднаш ја сподели нејзината силна лична поддршка на нашиот пат кон Европската Унија, и со тоа ги потврди сите наши напори да го оствариме тоа.

„Нивната одлука да ги остават отворени портите на европското семејство за нашата земја беше од пресудно значење за нас, силна мотивација да ја завршиме нашата домашна работа, и пред сè, и над сè – да го решиме спорот со Грција. Сега ние, граѓаните на Република Македонија, треба да покажеме заедништво и одлучност на претстојниот референдум на 30 септември, да донесеме одлука за Договорот, да донесеме одлука за нашата иднина“, рече премиерот Заев во изјавата медиумите.

Претседателот на Владата на РМ Заев нагласи дека оваа посета на Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини не потсетува дека европската идеја е силна инспирација да ги решаваме горливите отворени прашања во регионот, и дека Република Македонија е јасен пример како силната верба во нашата европска иднина може да биде клучниот мотив за постигнување на историскиот договор со Грција, и на тој со Бугарија.

„Ние сме успешна европска приказна и автентичен модел на функционална мулти-етничка демократија. Ние сме сплотени и секојдневно го живееме Европското мото “Обединети во различностите“. Затоа оваа средба ја организиравме овде, во старата чаршија на Скопје, за да ја потврдиме оваа наша европска вредност, со која се гордееме“, потенцираше премиерот Заев во изјавата за медиумите.

Федерика Могерини, во своето обраќање пред медиумите во скопската чаршија истакна дека е многу среќна што токму денес има прилика да биде во главниот град на Република Македонија, кога во Европскиот Парламент премиерот Заев доживеа стоечки овации кога зборуваше за заедничките вредности што ги делат ЕУ и Република Македонија.

Таа додаде дека хоризонтот  сега е многу јасен, и за ЕУ и за Република Македонија зашто делиме иста, заедничка иднина. Таа потсетти дека цела Европа го одобрува решението на спорот со Грција и дека тоа решение е инвестиција и за ЕУ и за Република Македонија, а начинот на кој беше постигнат е инспирација за силата на дипломатијата и дијалогот.

Могерини нагласи дека очекува на референдумот на 30 септември, граѓаните на нашата земја, заедно со сите лидери ќе ја искористат историската шанса која не смее да се пропушти. Таа потенцираше дека тоа е шанса која не смее да се одмолчи и да не се преземе одговорност.

Своето обраќање Федерика Могерини го заврши со пораката дека клучот за иднината на земјата е кај граѓаните, и дека тие, на 30 септември, треба да донесат одлука на која ќе се гордеат наредниот ден и сите наредни години.

 

 

актуелно ЕУ Заев македонија Могерини НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.