„Петнаесетгодишно момче се удави вчера во водите на реката Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен“, потврди кумановската полиција.
Според првичните информации на СВР Куманово, момчето родено во2004-та година заедно со уште едно возрасно лице и двајца малолетници, вчера во 16:15 часот влегол во водите на Пчиња и се удавил.
Известен е јавен обвинител и извршен е увид.







