Германската полиција соопшти утринава дека еден момче со нож нападнало и ранило припадник на обезбедувањето на аеродромот во Диселдорф и дека повредениот е надвор од животна опасност.
Како што пренесува агенцијата ДПА, момчето на возраст од 24 години му се доближило од зад грб на припадникот на обезбедувањето и неколку пати го проболо.
Напаѓачот бил совладан и приведен во полиција, а ранетиот префрлен во болница каде што бил опериран.
Полицијата не го соопштува идентитетот на напаѓачот наведувајќи дека тој веројатно има психички проблеми и дека нападот не е политички мотивиран.







