Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МОСТ: Првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера
Македонија

МОСТ: Првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера

април 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Првиот круг од претседателските избори помина во фер и демократска атмосфера. Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Во текот на изборниот ден беа забележани само неколку изолирани случаи на неправилности што не влијаеја на квалитетот на изборниот процес и на кои имаше соодветна реакција од надлежните органи. Ова е прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ.

„Изборната кампања помина во генерално релаксирана атмосфера. Првпат не беа регистрирани инциденти кои влијаеја на атмосферата во која се спроведе кампањата, што е за поздравување. Кампањата се одликуваше со зголемен број непосредни средби со граѓаните и повисок интензитет на т.н. кампања од врата до врата, вклучително и во руралните средини. Регистрирани беа само неколку случаи на негативна кампања и присуство на малолетници на митинзите. Првпат по подолго време бевме сведоци на поголем број дебати помеѓу кандидатите преку кои на гласачите им беше овозможено да направат информиран избор, рече на денешната прес-конференција извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов.

МОСТ го поздравува објавувањето на регистарот на службени возила од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бидејќи, како што рече, беше од помош на медиумите и набљудувачите да следат и идентификуваат потенцијална злоупотреба на службените возила за потребите на изборната кампања.

ДКСК постапи по 13 приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ во однос на потенцијална злоупотреба на државните ресурси, при што прифати три од нив. Позитивно се оценува ваквото постапување на ДКСК кое, како како што рече, придонесе за поголема ажурност и на останатите институции, но сепак треба да се нагласи дека одлуките треба да се носат во согласност со одредбите во Изборен законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, што беше потврдено и со постапувањето по тужбите од страна на Управниот суд.

МОСТ ја повторува својата препорака дека во најскоро време надлежните институции треба да ги отстранат долгогодишните системски проблеми во водењето и ажурирањето на Избирачкиот список.

„ДИК работеше во ефикасна и колегијална атмосфера и сите одлуки ги донесе едногласно. Позитивно се оценува транспарентноста на нејзината работа, имајќи предвид дека сите седници беа јавни, со забелешка за доцнењето со објавувањето на неколку записници од седниците на Интернет. Позитивно се оценува проактивноста на ДИК и нејзините заложби за подобрување на работата на изборната администрација, овојпат преку подготовка на посебни прирачници за подготовка на обрасците, како и подготовката на Упатство за работата на ОИК и ИО, што беше една од долгогодишните препораки на МОСТ. Сепак, што се однесува до обуката на изборната администрација, забележани беа извесни пропусти во прирачникот за едукација, како и во видео-прирачникот, рече Алексов.

МОСТ го набљудувал спроведувањето на гласањето на 433 пријавени болни и немоќни лица на 92 избирачки места. Според нив, во мал дел од случаите не била почитувана тајноста на гласањето, односно во моментот на гласање имало присутни лица во просторијата каде се гласало. Гласањето на лицата во затвор, исто така поминало во најдобар ред, освен што 232 лица не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список поради неажурирани лични документи.

актуелно демократска атмосфера избори мост фер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.