Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруса ја освои титулата на женскиот дел од гренд слемот во Вимблдон. Мугуруса во финалето ја совлада ветеранката Венус Вилијамс за 78 минути со 7:5, 6:0.
Гарбиње Мугуруса ја освои својата прва титула на Вимблдон, а четврта на ВТА турнирите. Инаку, Шпанката ја освои својата втора гренд слем титула откако лани го освои Ролан Гарос.
Мугуриса играше финале на Вимблдон и во 2015 година, но тогаш загуби од помладата Вилијамс, Серена.
Ветеранката Венус Вилијамс, која не успеа да ја наследи својата сестра Серена на вимблдонскиот трон, подобро влезе во мечот, но уште на стратот беше јасно дека нема да и биде лесно протиц младата шпанската тенисерка.
Клучните моменти во мечот се случуваа во финишот на првиот сет, кога Мугуруса при резултат 4:5 успеа да спаси две сет топки, да израмни на 5:3, потоа направи брејк и со сигурна игра на својот сервис го заврши сетот.
Во вториот сет Шпанката не и даде никакви шанси на Американката. Мугуруса со фуриозна игра го освои без загубен гем.







