На граничниот премин „Богородица“ за излез кон Грција, утрово се чека околу еден час, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
Притоа, за влез во државата од истиот граничен премин се чека десет минути.
На „Табановце“, пак, за излез од државата се чека десет минути, но за влез се чека половина час.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.






