Вистинска голгота преживуваа туристите кои синоќа од Грција се враќаа во Македонија. Во текот на целото попладне па се до раните утрински часови гужвата на Евзони за влез во Македонија била огромна. За влез во земјава некои патници чекале и по повеќе од 4 часа.
Гужвите не се изненадување, особено по продолжен викенд каков што беше минатиот, кој истовремено беше и последниот во овој летен распуст, имајќи предвид дека од утре почнува учебната година.







