Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » На здравствените работници со КОВИД-19 нема да им се крати платата за боледување, ослободување и од партиципација
Македонија

На здравствените работници со КОВИД-19 нема да им се крати платата за боледување, ослободување и од партиципација

април 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се подготвуваат и наскоро ќе стапат во сила нови правилници во однос на партиципација при лекување од КОВИД-19 и исплата на 100-процентен износ од плата при боледување на здравствен работник ако е тоа поврзано со лекување од коронавирусот.

Во одговор на новинарско прашање во врска со реакции од медицински лица на кои им била скратена платата за боледување од коронавирус и плаќале партиципација, директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев на прес-конференција рече дека тоа се темели на досегашната практика и правилници за боледување, но дека сега се зема предвид новонастаната ситуација и заболувањето на медицинскиот персонал ќе се смета за професионално и ќе имаат сто проценти плата при боледување. За таа цел, рече, Министетрството за труд и социјална политика ќе направи измени во прописите.

-Имајќи предвид дека станува збор за новонастаната ситуација односно исплата на боледување по основ на професонално заболување поради коронавирусот, Фондот има заземено мерки и ќе исплатува надомест на плата по основ на професионално заболување кое е поврзано со КОВИД-19 во висина од 100 проценти за здравствените работници и лица вработени во здравствени установи како најизложени на коронавирусот. Имаше неколку процедурални работи што требаше да се завршат зашто постоеше законска рамка и одредени правилници и за таа цел Министетрството за труд и социјална политика ќе направи измени во прописите како и во листата на заболувања што дефинираат кои болести се сметаат зз професионални заболувања и за нив ќе биде исплатен 100- процентен износ од платата, истакна Дончев.

Во однос на партиципацијата, и тоа, рече, се темели на практиката и правилниците, но и овде имајќи ја предвид новата ситуација, Владата ќе донесе уредба со законска сила со што ќе се овозможи осигурените лица да се ослободат од плаќање партиципација во здравствените усстанови при користење здравствени услуги за лекување од дијагностициран КОВИД-19.

-И овие средства ќе бидат на товар на Фондот. Тоа е предвидено и е во тек, рече Дончев, додавајќи дека наскоро ќе стапат во сила партиципацијата и 100-те проценти плата за медицинскиот персонал ако боледувањето е поврзано со лекување на КОВИД-19.

На прашање дали во овие услови редовно работи Комисијата за ин витро т.е.вештачко оплодување на државна сметка, Дончев одговори дека тој процес функционира нормално и ќе нема прекин во давање на услугите што се на товар на Фондот.

актуелно здравствени Ковид-19 плати работници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.