Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Над 6000 дијагностицирани со Ковид-19, активни се 3479
Македонија

Над 6000 дијагностицирани со Ковид-19, активни се 3479

јуни 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на дијагностицирани со Ковид-19 во земјава надмина 6000, а и натаму продолжува трендот на трицифрен број новозаболени, како и секојдневниот црн биланс на пациентите кои ја губат битката со коронавирусот.

Од почетокот на месецов евидентирани се 3854 позитивни и 154 починати. Само четири дена беа со помалку од 100 дијагностицирани – на 1 јуни 89, на 2 јуни 76, на 9 јуни 87 и на 22 јуни 90. Рекордот на заболени беше на 13 јуни со 194, а најмногу умрени имаше на 20 јуни – 11.

Поголем е и бројот на активните случаи од излекуваните. Активни во моментов се 3479, а од корона се излекувани 2315. Починати досега се 286, од кои девет само во текот на вчерашниот ден. Вчера беа регистрирани 176 новозаразени, повторно најмногу во Скопје, 61, кое веќе неколку недели е најголемото жариште во земјава. Во главниот град досега има 2951 потврден случај, а активни се 1978. По Скопје, најмногу заразени има во Тетово 367, Куманово 283, Штип 176, Охрид 139, Струга
131 и во Ресен 92.

Без ниеден болен во моментов, според статистиката на Институтот за јавно здравје, се само Радовиш, Берово, Делчево и Виница.

Се зголемува и бројот на хоспитализирани пациенти. На Инфективната клиника до вчера беа хоспитализирани 98 пациенти, во болницата во Козле 19, и во ГОБ „8 Септември“ 129 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, во болницата во Штип 28, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се лекуваат 80 позитивни на Ковид-19. На респираторна машина се девет пациенти.

Надлежните уверуваат дека и покрај зголемената бројка на заболени и хоспитализирани, ситуацијата добро се менаџира, а здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти. Располага со доволно болнички кревети и со доволно кадар – лекари и медицински сестри. Велат и дека во моментов нема индикација за воведување дополнителни рестриктивни мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека болниците почнуваат да ја нормализираат работата. Направен е план за работа и распоред на пациентите кои беа одложени заради Ковид кризата. Кон крајот на неделава се очекува на дел од клиниките и за некои интервеници да почне да функционира и системот „Мој термин“.

За останатите клиники ќе се почека, за да се види како ќе се одвива интензитетот на
дијагностицирање на нови пациенти од коронавирусот.

Зголемен број на заболени деновиве бележат и соседните земји. Во Србија вчера имаше нови 254 позитивни, во Бугарија 112, Косово, 96, Албанија 72, Хрватска 67,…

Пандемијата на Ковид-19 не стивнува ниту во светот. Бројот на заразени надмина 10 милиони, а повеќе од 500 илјади починаа. Најмногу заболени има во САД 2,6 милиони, Бразил, 1,26 милиони, Русија 635 илјади и Индија 547 илјади.

актуелно заболени ковид шест илјади
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.