Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Надминување на прагот на алармирање во Скопје и Тетово
Скопје

Надминување на прагот на алармирање во Скопје и Тетово

јануари 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На две мерни станици во Скопје, во Карпош и Лисиче и Тетово во последните два дена среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките има појава на надминување на прагот на алармирање за концентрациите, односно се исполнети услвоите за активирање на мерките за заштита од загадување.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира Владата согласно уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и дологорчни цели во која е
дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и добиената временска прогрноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

Среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките измерени на 25 јануари во Карпош изнесуваат 193,29, во Лисиче 243,74 и во Тетово 188,24 микрограми на метар кубен, на 26 јануари во Карпош 177,14, Лисиче 245,84 и во Тетово 185,05 микрограми на метар кубен.

За активирање на мерките за заштита треба во два последователни денови да има надминувањето на вредноста од 175 микрограми на метар кубен.

И мерењата од ноќеска покажуваат високи концентрации на ПМ 10 честичките. Во Центар е регистрирано највисоко ниво од 205 микрограми, а утрово според последното мерење е 194 микрограми, во Карпош концентрациите достигнале до 195, последното мерење е 179 микрограми, во Лисиче највисоката концентрација денеска е 340, а утрово последните мерења покажуваат 170 микрограми и кај Ректорат се измерени највисоките концентрации од 407 микрограми на метар кубен.

Во Тетово во текот на денов се измерени највисоки 18 микрограми на метар кубен.

Мерките што треба да ги активира Владата предвидуваат ослободување од работа на бремени лицата постари од 60 години и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Сите правни субјекти да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот, како и да препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и акционерските друштва во државна сопственост и општините да ја намалат до 50 отсто
употребата на службените возила.

Да се зголеми активноста на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба, и да се задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува информација до Институтот за јавно здравје за број на повици, според дијагноза, пол, возраст, место на живеење и општина, за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа сè до завршување на епизодата и една недела по завршувањето. Да се спроведуваат контроли на индустриските објекти со А интегрирана дозвола, со контролни мерења на емисиите на загадувачките материи во акредитирана лабораторија, за да се утврди дали се применуваат пропишаните услови по однос на емисиите во воздух. И се препорачува капацитетите со А интегрирана дозвола да го намалат производството за 50 отсто.

актуелно загадување скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.