Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Народната банка ќе организира обука за обучувачи од областа на финансиската едукација
Економија

Народната банка ќе организира обука за обучувачи од областа на финансиската едукација

ноември 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Народната банка првпат ќе одржи обука за обучувачи, кои ќе се ангажираат околу едуцирање на населението за прашања од доменот на финансиите што ги засегаат сите граѓани како активни учесници во финансиските текови. Се очекува, дека на ваков начин ќе се прошири мрежата на финансиската едукација во нашата земја и ќе се зајакнат ефектите од ширењето на знаењата од оваа област, што би придонело за поголема финансиска вклученост и носење издржани финансиски одлуки од страна на населението.

-За таа цел, Народната банка склучи меморандум за соработка со здружението на граѓани за поттикнување општествен развој „Глобал шејперс Скопје хаб“, коешто е дел од меѓународната мрежа „Глобал шејперс“. По искажаниот интерес од „Глобал шејперс Скопје хаб“ преку организација на настани – предавања, односно презентации и отворени дискусии, за давање придонес во финансиската едукација на пошироката јавност, особено на младата популација во земјата, со меморандумот е предвидено тимот на Народната банка да даде експертска помош, преку обука за членовите на здружението коишто ќе ги спроведуваат активностите. Исто така, Народната банка ќе обезбеди и едукативни материјали од областа на финансиската едукација. Планирано е предавањата на „Глобал шејперс Скопје хаб“ наменети за пошироката јавност, особено за младата популација, да се одржат до средината на следната година, на волонтерска основа, се вели во соопштението од Народната банка.

Развивањето на соработката меѓу финансиските регулатори и граѓанските организации во сферата на финансиската едукација, потенцираат од Народната банка, е од исклучително значење за постигнување уште повидливи резултати со поголема достапност на знаењата до поголем дел од населението. Како што информираат од Народната банка оваа година започнале соработка и со други граѓански организации коишто искажаа подготвеност и желба да се вклучат во спроведување активности за унапредување на финансиската писменост и поттикнување на финансиската инклузија.

едукација Народна банка обука организирање финансиска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.